Можно ли е да се подобри моторот кој е ионака еден од најдобрите во среднотешката Adventure класа?
Можеби оваа класа на мотоцикли и не е баш твој фах? Препорачувам да погледнете некое од видеата на Pol Tarrés правејќи секакви пируети токму со варијанта на Yamaha Ténéré 700, тогаш можеби и ќе разберете зошто оваа класа е сѐ повеќе популарна.
Легендарниот Шпанец е син на уште по легендарниот Jordi Tarrés кој очигледно бил идол при изборот на професија на Pol. Pol пак од друга страна, заедно со колегата Alessandro Botturi беа инспирација за креирање на овој прототип.
Најпрво да видиме која е базата за оваа креација. Од првиот модел во далечната 1983 година, моделот Yamaha Ténéré 700 собира успеси како во спортска така и во комерцијална смисла, од Парис Дакар до асфалтни авантури низ најзафрлените делови од светот, ја зацементира нејзината улога во класата.
Чекор поназад нѐ враќа во 1975 година кога е претставен моделот XT500, кој не само што беше претходница на Ténéré, туку и ѝ даде на Yamaha една сосема нова димензија и ја претстави како сериозен играч во светот на мотоциклите. Само за референца, зборуваме за време во кое сеуште не постојат ниту Honda Africa Twin ниту BMW GS. Значи зборуваме за тешко педигре тука.
А што да се каже за најновиот Т7?
Па, доколку некој ви го понуди GYTR каталогот без ограничување во буџетот, освен совети како да ги комбинирате компонентите, веројатно би го добиле прототипот најавен за 2022 година.
Тука е новата GYTR процесорска единица за уште порадикален одзив на гаста на паралелниот двоцилиндраш, ултра лесниот издувен титаниумски топ од Akrapovič за полесен проток на гасовите кои живот значат (!), високо проточни куќиште и филтер за воздух, преносен запчаник со 48 запци, преработена водна пумпа, Rekluse квачило отпорно на малтретирање...
Врвните Kayaba амортизери ја облагодоруваат суспензијата на Ténéré, но уште поважно, го зголемуваат одот за дополнителни 60mm, што конечно резултира со преден од од 270mm односно заден од од 260mm. Многу одови? Сето ова дава повеќе слобода и сигурност при возењето по нерамнини, карпи, дини поточиња и во глобала каде и да ви текне да го возите ова чудо.
Намалувањето на тежина оди понатаму со префрлањето од двојна на единечна диск предна сопирачка од 300mm, која исто така ја поедноставува промената на преднот тркало, но затоа е зајакнат и задниот 267mm диск како и главниот сопирачки цилиндер, нормално и сите “кочиони” компоненти вклучително и висококвалитените плочки.
Маскирната шема на оклопот ја заокружува целата приказна и можеби симболично сака да ја претстави расположеноста на Yamaha за да продолжи да војува со сѐ поголемиот број предизвикувачи. Дали сметате дека е добро подготвена?