Откако кренаа голема галама по социјалните медиуми пред некоја недела, минатата недела потврдија дека не било се залудно. CFMoto го прикажаа во живо на саемот во Милано нивниот нов концепт SR-C21

cfmoto sr c21

Со него само ја потврдуваат својата јасна определба дека CFMoto е сериозен играч кој сега и со своето присуство во Moto3 шампионатат полека но сигурно сака да каже, имаме ние ДНК за да бидеме тркачи!

Станува збор за концепт кој излезе од комјутерските рендери во реалснот и треба да ја надоплни понудата на овој кинески производител кој сега за сега во овој сегмент го има само SR300. SR-C21 изгледа како поголем залак, и цели даелку над класите во кои досега CFMoto се активни. Ако судиме според MotoGP изгледот на пластиките кои ги покриваат дисковите на кочниците, аеродинамичните крила, Brembo системот за кочење и SCRProject издувниот систем, тогаш дефинитивно може да претпоставиуме дека CFMoto комплетно се фокусира на високои перформаси со овој концепт. 

cfmoto sr c21 eicma 2

Но, иако сето ова наговестува помоќна, поголема машина, за почеток производителот најави 2 цилиндарски мотор под 400 cc. Ама да не се залажуваме, вакви детали, крилца и дизајн кој на моменти како да се инспирирал од Ducati и Aprilia, не се троши само за модел во почетната класа на рејсинг мотори. 

Ако ја земеме предвид нивната блиска соработка со KTM може прилично брзо да се случи LC8 паралелниот двоцилндарец кој сега го користат во 800 MT, или постариот 990cc агрегат кој го придвижуваше KTM 990 Super Duke да се најде во телото на SR-C21. Чисто како потсетување KTM годианва го претстави и RC 8C моделот наменет исклучиво за возење на патека со 889cc LC8c агрегат со 128 КС. 

Која и да е иднината, или плановите... SR-C21 е тука, не е само компјутерски рендер и дефинитивно изгледа одлично!

Back To Top