CFMoto станува четврт бренд поврзан со Pierer групацијата кој се вклучува во Moto3 шампионатот за 2022 година. Со овој потег CFMoto се приклучува на брендови KTM, GASGAS и Husqvarna. 

cfmoto moto3

Компнијата го презема Германскиот PruestelGP тим и влегува со два KTM мотори кои ќе го носат брендингот на CFMoto и ќе настапуваат под кинеско знаме. 

Иако CFMoto не е е дел од портфолиото на Pierer  сепак тие имаат блиска соработка со KTM за производство на повеќе заедники делови, а нивниот 800MT базиран на KTM 790 Adventure веќе почна да се појавува низ Европа, а првото тест возење во Македонија се случи овој викенд (повеќе детали за ова тет возење очекувајте следниве денови на motori.com.mk)

Моментално триото KTM, GAS GAS и Husqvarna користат мотор на KTM и комплетно доминираат во ова натпреварување. Тие го имаат лидерот на табелата и новата сензација Педро Акоста, Серџио Гарсија на GAS GAS на трето место и Романо Фенати на Husqvarna кој се наоѓа на четвртот место во шампионатот. Тие меѓу себе поделија 10 победи од вкупно 14 трки оваа сезона.   

PruetelGP уште нема потврдено кои возачи ќе бидат дел од тимот за 2022 година. Во моментов за нив возат Јаманака и Филип Салач.

CFMoto станува и официјално прв тим од Кина кој настапува во Moto3 шампионатот,иако во минатото тимот на Loncin се натпреварувал во 125GP во доцните 2000-ти а Zongshen се натпреварувал во 250GP во 2005.

Back To Top