Франко Морбидели потврди дека постигнале договор со фабричкиот тим на Јамаха за до крајот на 2023 година. 

dovicioso petronas yamaha

Возбудлива е оваа MotoGP сезона за Јамаха, можеби и највозбудлива до сега во историјата, затоа што имаше толку многу неочекувани промени на сред сезона што навистина ја прави да биде за паметење. Во исто време го имаат првиот возач на табелата и мака мачат да склопат/задржат компетитивен целосен тим. 

По раскинувањето на договорот со Вињалес, сред сезона, Јамаха брзо се сврте кон она што можеби и беше праведно да се случи на почетокот на сезоната. Франко Морбидели да добие нов мотор и да вози во својот полн капацитет. По паузата која ја зема Франко за да ја залечи повредата, се враќа на патеката во Мизано, претстојниов викенд и тоа директно во фабричкот тим на Јамаха. 

Неговото место, во сателитскиот тим на Петронас ќе го пополни Андреа Довициозо. Тој после повеќе од 8 години се враќа на Јамаха. Оваа сезона ја помина без тим откако не усепа да се договори со Дукати за обнова на договорот. Возеше тестови за други производители, и под знак прашање беше неговата кариера, но изгледа полека но сигурно се смирува целата ситуација и работите си доаѓаат на свое место. 

Договорот на Довициозо е за до крајот на 2022 година, што значи тој нема да го пополни местото на Франко само за до крајот на оваа сезона туку ќе вози и следната. 

Пред нас е San Marino MotoGP, трката на која се домаќини момците од VR46 академијата, како и самиот VR46, нели. Не очекува возбудлив викенд, особено по минотонеделниот послаб резултат на Фабио Квартараро и доближувањето на Пеко Бањаја на втората позиција. 

Back To Top