Не ни се верува дека поминаа десет години откако за прв пат беше преставен Aprilia RSV4.

Не ни се верува дека поминаа десет години откако за прв пат беше преставен Aprilia RSV4. Но и покрај тоа што помина една декада, супербајк моделот се уште е при врвот во својата категорија.

Со цел да се прослави неговата историја како и трите победи во Супербајк шампионатот, екипата од Ноале креираше специјална машина од која ќе бидат произведени само десет примероци.

Денеска и официјално започна доставата на Aprilia RSV4 X на сите оние кои имаа среќа но и 40 илјади евра да ја купат оваа машина. Сега конечно можеме да видиме што оваа машина, која има 222 коњски сили и 1078cc V4 мотор, може да направи.

За да ја намалат тежината на мотоциклот, инжинерите направија одредени промени меѓу кои се екстерните делови изработени од јаглеродни влакна, полесниот резервоар за гориво како и титаниумскиот издув од Акраповиќ.

Aprilia RSV4 X Max Biaggi 01 12 09

Најинтересно е тоа што Aprilia ја префрли неутралната позиција во менувачот под првата брзина.  Aprilia RSV4 X е првиот продукциски мотоцикл кој е опремен со новите Brembo GP4-MS кои се споени со T-Drive дисковите како и со  19×16 радијалниот, главен цилиндар.

Првиот кој ја доби оваа машина беше Макс Бијаџи. Тој веднаш го испроба мотоциклот на патеката во Муџело.

„Возењето низ свиоците на патеката во Муџело со RSV4 X е неверојатно интересно“, изјави Бијаџи. „Чувството е исто како да сте на тркачки мотоцикл. Само што се качив на мотоциклот, почувствував како никогаш да не прекинав со тркањето.“

Наскоро RSV4 X ќе го добие и Андреа Ианоне како и уште осумина други. Мотоциклот ќе пристигне директно од фабриката на Aprilia во Италија. Морам да признаам дека многу им завидувам.

Back To Top