Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada а барем според најавите тоа нема да биде V4. Наместо тоа, новиот мотоцикл наречен 1260GT,ќе биде туринг модел. Тој ќе има врвни спецификации и ќе биде на врвот во својата категорија.

Постоењето на овој мотоцикл заедно со уште неколку други модели од оваа линија на Ducati го потврди и Американската агенција за заштита на природната средина.

Според информациите, неговата тежина нема премногу да се разликува од актуелната верзија а од тоа можеме да заклучиме дека GT ќе има и иста опрема. Но, кај 1260GT очекуваме да дебитира и една нова технологија: радарска контрола. Ducati веќе претходно соопшти дека работи на нешто вакво и порача дека планираат да бидат први во светот кои на пазарот ќе престават ваков мотоцикл.

Ducati Multistrada 1260GT txt 1 16 09

„Работиме напорно на радарскиот систем и очекуваме да бидеме први во светот кои ќе ја имаат оваа технологија“, ни изјави во фебруари Пјерлуиџи Зампиери, главен за иновации во Ducati.„Први почнавме да работиме на оваа проблематика уште во 2014 година и сега се обидуваме да бидеме први на пазарот. Не сакаме никого да следиме.“

А со оглед на големата популарност која ја имаат спортско-авантуристичките модели, очекуваме V4 Multistrada повеќе да биде фокусиран на спортскиот дел.Но доколку авантуристички мотоцикл опремен со супербајк мотор ви звучи познато, тоа е така бидејќи BMW веќе неколку години го прават истото со S1000XR.

Очекуваме Ducati да го престави 1260GT во октомври а тој да се најде во продавниците веќе следната пролет.

Ducati Multistrada 1260GT txt 2 16 09

Главни делови на Ducati Multistrada 1260GT

Радарот, кој е произведен од Bosch, ќе внимава на брзината кога има многу возила пред вас.

Како што и самото име GT ни сугерира, мотоциклот ќе има целосна опрема, почнувајќи од загреаните рачки па се до електронската суспензија.

Покрај тоа што ќе внимава на брзината, радарот ќе ве предупреди и доколку има некое возило во ваша близина а вие не можете да го видите.

Со оглед на високите спецификации, можеме да очекуваме овој мотоцикл да се продава по цена од 22500 евра.

Back To Top