Почеток на нешто големо за групацијата Piaggio

Урбаната мобилност станува електрична. Овој факт едноставно не можеме да го негираме. Компанијата Vespa сериозно ја сваќа оваа работа и веќе започна со производство на моделот Elettrica.

Моделот за прв пат беше најавен за време на EICMA мото шоуто минатата година. На почетокот на следниот месец во фабриката која се наоѓа во близина на Пиза ќе започне и неговото производство, а првите нарачки ќе можат да се направат веќе од Октомври.

vespa electrica eicma 1 2

Доставата на мотоциклот, кој ќе има цена слична како и бензинските модели на Vespa (околу 6000 евра), во Европа ќе започне на почетокот на 2019 година, а веднаш после тоа ќе се најде на пазарот и во САД и Азија.

Според информациите, тој ќе има подобри перформанси отколку скутерот со зафатнина од 50cc и со една батерија ќе можат да се поминат 65 километри. Ќе има и верзија X која покрај електричниот мотор ќе има и генератор кој ќе овозможи да поминете двојно повеќе километри. За целосно да се наполни батеријата ќе ви бидат потребни четири часа, а тоа ќе можете да го направите дома или пак на некое друго место каде што има пристап до струја.

Скутерот ќе биде достапен во седум бои, а покрај тоа ќе можете да го поврзете со вашиот телефон.

Според соопштението кое беше испратено од компанијата, ова ќе биде прв производ на групацијата кој ќе има „ innovative machine-man interconnectivity“, и кој ќе обезбеди поврзаност меѓу човекот и машината.

Накратко, ова значи дека во иднина Elettrica ќе биде компитабилна со сите работи кои се поврзани со вештачката инелигенција и кои во моментов се развиваат за роботот Gita.

Кога тој ќе се најде во производство следната година, ќе им овозможи на мотоциклите на групацијата да бидат свесни за возилата и за луѓето кои се наоѓаат во нивна близина, а исто така ќе обезбедува и информации со цел да се подобри целокупната инфраструктура на патиштата.

Уште поголем чекор на Gita ќе биде да се овозможи возилата да ги препознаваат своите сопственици без да мора тие да употребуваат клучеви но исто така и да комуницираат со останатите возила кои се наоѓаат на патот.

Иако не очекува уште многу време додека сето ова да се исполни, Vespa Elettrica дефинитивно се движи во вистинска насока.

Back To Top