Honda ја престави значително подобрената верзија на Africa Twin за сезоната 2020.

Honda ја престави значително подобрената верзија на Africa Twin за сезоната 2020.

Мотоциклот има поголема моќност, полесен е и поедноставен за возење.

Имаме два модели: Africa Twin и Africa Twin Adventure Sports. Втората верзија е повеќе насочена кон оф роуд возењето и има повисока суспензија како и поголем резервоар.

Во центарот на двата мотоцикли се наоѓа поголем и помазен мотор чиј капацитет изнесува 1084cc.

2020 Honda AfricaTwin txt 1 24 09

Главата на цилиндарот исто така е променета, делот кај гаста е поголем а вбризгувачот е директрно позвран со комората за согорување.

Компанијата исто така го зголеми и издувниот вентил (исто како и кај Fireblade). Резултатот е зголемување од 94 на 100bhp. Исто така имаме и целосно нов електронски пакет. За 2020 година, Twin добива и шест оскен Bosch IMU. Ова значи дека мотоциклот сега има сензитивна контрола на тракцијата, ABS како и систем кој спречува кревање на предното тркало.

Покрај ова имаме и четири режими на возење (Tour, Urban, Gravel и Off-Road). Шасијата кај Twin исто така е целосно редизајнирана. Подрамката е одделена, таа е за 40 милиметри потенка и за половина килограм полесна.

Предниот дел од мотоциклот има претрпено одредени промени меѓу кои се новите светла а измени има и кај вилушките кои сега имаат нови сетинзи. Севкупно гледано, машината е за 5 килограми полесна во споредба со претходната верзија. Honda се уште не ги објави цените иако би можеле да очекуваме основната верзија да чини околу 12 500 евра додека пак Adventure Sport моделот околу 13 500 евра.

2020 Honda AfricaTwin txt 2 24 09

Една од најинтересните делови кај новиот Africa Twin секако е 6.5 инчниот TFT екран. Преку него можете да ги подесите сите сетинзи а тој е стандарден дел и кај двата модели. Екранот е осетлив на допир но исто така има копчиња на левата рачка. На него ќе можете да го приклучите вашиот телефон. Вториот, помал, екран ги прикажува брзината во која се движите како и позицијата на менувачот.

Главни карактеристики

1084cc parallel twin

100.5bhp

77.4ftlbs

850mm/870mm seat height

226kg (kerb)

£11,000 (est for stock bike)

2020 Honda AfricaTwin txt 3 24 09

Ако имате план да поминете голема дестинација и сакате комплетен комфорт, тогаш Adventure Sports верзијата е вистинскиот избор. Оваа верзија има поголем резервоар, (24.8 литри) како и поголемо ветробранско стакло. Ја нема подолгата суспензија а висината на седиштето е иста како и кај стандардниот модел. Задниот дел е потенок. Adventure Sports верзијата исто така има загреани рачки како и можност за полнење на телефонот.

Веќе ги немаме истите тркала и тие сега се заменети со нови кои имаат испакнати делови . Веруваме дека Honda ќе ги понуди истие и кај стандардниот модел.Но најголемата промена кај AS верзијата е тоа што кај овој мотоцикл сега ја имаме новата прилагодлива суспензија на Showa. Има четири режими (Soft, Mid, Hard и Off-Road) кои ги обезбедуваат основните сетинзи.

Back To Top