Конечно ни пристигна новиот Triumph Street Triple RS 765.

Конечно ни пристигна новиот Triumph Street Triple RS 765. Мотоциклот покрај неколку одредени промени во однос на изгледот, има измени и кај механиката.

Како што се зборуваше веќе подолго време, мотоциклот го дели истиот мотор со Triumph Daytona Moto2 765. Тој е во согласност со Euro5 стандардот, има зафатнина од 765cc и 121 коњски сили.

Со цел да се скроти оваа моќност и мотоциклот да може да се вози на улица, Triumph го прилагоди менувачот на три цилиндричниот мотор. Промени има и кај издувот.

Triumph исто така додаде и quickshifter, пет режими на возење, Brembo M50 сопирачки, Showa Big Piston вилушка како и Öhlins суспензија. Исто така има и контрола на тракцијата.

Како што може да се забележи од фотографиите, има промени и на изгледот на 2020 Triumph Street Triple RS, а највпечатливи се дневните светла. Мотоциклот има тежина од 166 килограми, четири помалку од оригиналниот модел.

Triumph се уште не открива премногу детали, а во моментов не е познато ниту кога официјално ќе биде пуштен во продажба и која ќе биде неговата цена.

Back To Top