За сите кои не се подготвени да се откажат од спорскиот дух на својот мотор, ама сепак се подготвени да истераат некоја сериозна тура сега постои уште една понуда. Suzuki го претстави новиот GSX-S1000GT кој е базиран на освежениот GSX-S1000. 

Suzuki GSX S1000GT 01

GSX-S1000GT доаѓа како замена за GSX-S1000F и покрај опцијата за странични куфери и комфорна позиција на возење доаѓа и со многу електроника. Овој модел на Suzuki за цел има да му земе дел од продажбата на неофицијалниот крал во оваа класа, Kawasaki Ninja 1000SX. Ценовно е позициониран нешто пониско од конкуренцијата а за она што се нуди од електроника навистина вреди да се размислува за него. 

Срцето на моделт секако е четирицилиндарецот од GSX-R1000 кој ги исполнува Euro5 стандардите. Во ова најново издание доаѓа со нодификувана брегаста, нов филтер за воздух, нов издув и околу 152 коњски сили.  

Во поглед на шасијата изгледа нема преголема разлика од нејкид верзијата иако во највата се спомнува нова савфрејм која меѓу другото мора да обезбеди поголема цврстина за поголемата тежина која ќе дојде од куферите и сопатникот.

Suzuki GSX S1000GT 04

Централна тема околу која Suzuki сака да се фали кога зборува за овој нов модел е неговиот футуристички стајлинг. Овој нов изглед веројатно ќе биде пренесен подоцна и во останатите модели на компанијата па затоа и толку многу сега му посветуваат внимание. Зад новите пластики се наоѓа нов 6.5 инчен TFT екран кој покрај другите нови овозможува и следење на навигацијата на цел екран, прифаќање повици, управување со аудиото на телефонот и многу повеќе.

Suzuki GSX S1000GT 03

Новиот Suzuki Intelligent Ride System ги спојува различните модови на работа на моторот со контроалта на тракцијата и секако темпоматот.

Suzuki GSX S1000GT 02

На кратко новиот Suzuki GSX-S1000GT нуди одлична заштита за возачот и сопатникот, целосно LED осветлување, 6.5 инчен екран со навигација и блутут поврзување, гумирани делови за зголемен конфорт и намалена вибрација, поголема носивост, странични куфери во боја на моторот,резервоар од 19 литири и тежина од 226 кг.

Back To Top