Бонд, Џејмс Бонд. 900, Тајгер 900, Триумф Тајгер 900. Најголемиот британски производител на мотори ја слави својата континуирана соработка со оваа филмска франшиза со новата верзија наречена Triumph Tiger 900 Bond Edition

Tiger900X007 RESIZE 1 1920x780

Овој специјален модел е базиран на Tiger 900 Pro моделот но секако дека има сет на промени и додатоци по кои се разликува од базичниот модел. Серијата е ограничена на само 250 произведени парчиња а секое парче доаѓа со посебна бројка и сертификат кој ја потрвдува неговата уникатност.  

Tiger900X007 CAROUSEL 1 1410x793

Визуелно моторот изгледа сосема различно од досегашните модели. Секако комбинациите на боите е во линија со брендот Џејмс Бонд со злaтни детали a самата бројка и ознака е впишана на држачите на самите рачки. Оригинална и е најавната анимација на самиот TFT екрај кој на секое вклучување на моторот ќе ве потсетува дека под себе имате уникатно парче.  

Tiger900X007 RESIZE 2 1410x793

Моторот доаѓа со Arrow пригушувач и Michelin Anakee гуми кои се одлични и за возење на нерамен терен.  

Tiger 900 Bond Edition

малку разочарувачки е дека нема никакви дополнителни геџети по урек на автомобилите во самите филмови, но што е тука е. Нарачките се отворени а цената е 16.500 британски фунти. 
Back To Top