Мотоцикли

Сузуки ќе ја преспие и 2013 година

motori suzuki-eicma-10Саемот „EICMA“ во Милано беше празник за очи, со нетрпение го очекувавме секој штанд на големата јапонска четворка, за да пристигнеме до оној на Сузуки. Ги баравме новитетите, а тие беа пред нас, истите модели кои ги познаваме, само во нови бои.

Следете нè на:

 

Саемот „EICMA“ во Милано беше празник за очи, со нетрпение го очекувавме секој штанд на големата јапонска четворка, за да пристигнеме до оној на Сузуки. Ги баравме новитетите, а тие беа пред нас, за жал ги видовме истите модели кои ги познаваме, само во нови бои. 

Светлите точки на штандот на Сузуки се бројат на прстите од една рака, а надлежните свесни за неподготвеноста за саемот, во истото време ја одржаа конвенцијата за дистрибутерите на Сузуки во Вегас, САД. Штандот на Сузуки беше различен од останатите, без посебно светло, без многу специјални ефекти...всушност беше и без публика, еден од ретките штандови на кои можевме слободно да сликаме дури и во деновите откако саемот беше отворен за пошироката публика. 

Она за што најмногу се шушкаше, новиот V-Strom 1000 кој сеуште е концепт се очекува да се појави на пазарот кон средината на следната година. 

suzuki-eicma-11

Малиот GW250 кој развива 24кс, а тежи 180кг не е нешто што со нетрпение очекувате да го видите, иако црната верзија наликува на B-King, сепак повеќе внимание му посветивме на новиот GSR-750.

suzuki-eicma-19

Нема ништо ново во гамата на GSX-R, секако тука е веќе најавената верзија (боја) „Милион“ која го симболизира бројот на продадени модели од првиот претставен GSX-R 750 во далечната 1985 година.

suzuki-eicma-2

„Новата“ Хајабуса има нови кочници, Брембо моноблок и стандарден ABS. Во 2013 година ќе биде достапна и во жолта боја.

Најдоброто место на штандот беше резервирано за макси скутерот на Сузуки - Бургман. Новиот Бургман доаѓа со фејслифтинг, нов издув, ABS и се разбира, нова боја. 

suzuki-eicma-4

Со новитетите од Сузуки тешко дека ќе се случи голема промена во бројот на продадени нови модели во Македонија. Старите се одлични, функционираат, но колку и да важи правилот „добриот тим не се менува“, време е Сузуки да направи коренити промени во својата структура. Тоа го говори и статистиката за продадени мотори во Македонија, според неа, во 2012 година Сузуки има продадено 0 модели. 0 како нула, ништо, компир..

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!