Мотоцикли

Suzuki со нови бои за GSX-R1000 и GSX250R 2018

Suzuki ќе додаде дополнителни две бои на своите GSX-R1000R и GSX250R модели за 2018. GSX-R1000R ќе има нова графика инспирирана од MotoGP ECSTAR тимот додека пак GSX250R ќе се нуди во црвено, црна и бела комбинација.

Следете нè на:

 

Suzuki Motor America со големо задоволство сака да ви соопшти дека ќе има дополнителни бои за моделите GSX-R1000R и GSX250R 2018. Дизајнирани да го привлечат вниманието додека се на патеката или на улица, овие нови бои како и целокупниот графички пакет за брзо време ќе се најде на сите продажни места на Suzuki.

suzuki new colors 633x388

GSX-R1000R 2018

Позајмувајќи го изгледот директно од GSX-RR MotoGP мотоциклот, комплетно новиот „Metallic Triton Blue“ GSX-R1000R има одлични перформанси и дефинитивно ќе им се допадне на сите оние кои сакаат да возат мотоцикл кој потекнува директно од тркачката патека.

Покрај сината основа, мотоциклот има и графика инспирирана од тркањето. Инспириран од моќната  GSX-RR машина, неговиот изглед потсетува и на мотото на Сузуки - „Own the Racetrack“.

Мотоциклот е достапен во следниве бои: Metallic Triton Blue, Pearl Glacier White или Glass Sparkle Black.

Во продавниците ќе можете да го најдете од пролет 2018 година.

suzuki new colors 2 555x389

GSX250R 2018

Направен за сите возачи кои сакаат да се издвојат од останатите, GSX250R сега има уште една боја која треба да биде надополнување на елегантната бело-црна верзија. Возачите сигурно ќе ги привлече интересната црвено-црна комбинација кога за прв пат ќе го видат мотоциклот.

Овој модел има мотор со двоен цилиндар кој е заштитен со стилски оклоп достоен на наследството на Suzuki Katana. Создаден за да им го долови уникатниот дух на Katana на помладата генерација, GSX250R има одлични перформанси, елегантен изглед и егрономија која ќе им одговара на многумина.

Тој ќе биде достапен во новите Candy Cardinal Red/Pearl Nebular Black, Pearl Glacier White и Pearl Nebular Black бои.

Во продавниците ќе се најде на пролет 2018 година

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!