„Точно е дека ситуацијата е тешка бидејќи Марк има мала предност во шампионатот“ – Хорхе Лоренцо

Актуелнот трикратен MotoGP шампион Хорхе Лоренцо е смирен и свесен дека заостанува 48 поени зад Марк Маркез.

Ѕвездата на Yamaha смета дека ситуацијата е тешка, но и додаде дека возачот на Honda има мала предност пред почетокот на вториот дел од шампионатот.

Лоренцо заврши на 10. место на трката во Холандија, а беше 15ти на трката во Германија. Слаба трка имаше и во Каталуња. Сега тој заостанува речиси две победи зад Марке,з а до крајот на шампионатот остануваат уште 9 трки.

motogp sachsenring 2016 20

„Точно е дека ситуацијата е малку тешка бидејќи Марк е пред нас, но ние ќе дадеме се од себе како и секоја година. Ќе продолжиме да се бориме до крајот на шампионатот,“ изјави Лоренцо.

„Поминав неколку дена на одмор и потоа повторно почнав да тренирам за да бидам во добра форма пред вториот дел од сезоната.“

Лоренцо имаше шесто најдобро време на приватниот тест, со многу мало заостанување од тимскиот колега Валентино Роси, но и двајцата заостануваа речиси една секунда од возачот на Ducati, Андреа Јанон.

„Се уште сме многу далеку бидејќи Ducati, со нови пневматици, може да ја искористи предноста од забрзувањето и стабилноста при сопирање. Да видиме кои пневматици Michelin ќе ни ги даде за трката,“ изјави Лоренцо.

Во вторникот, Michelin потврди дека изработиле два нови задни пневматика откако ги анализирале податоците од тестот.

И покрај брзината на Ducati, Лоренцо и Роси може да бидат малку среќни бидејќи Маркез не присиствуваше на тестот. Лоренцо исто така изјави дека е многу добро чувството кога повторно е во топ форма.

motogp sachsenring 52

„Кога патеката е добра и нема никакви проблеми, повторно сум компетитивен, како што видовме и денеска. Немав најдобро време бидејќи бев внимателен со меките пневматици.“

Во однос на безбедноста на патеката, Лоренцо како и повеќето други возачи побара да се подобрат некои свиоци.

„На три или четири свиока треба да има повеќе простор за поголема безбедност. Особено на дожд бидејќи многу лесно може да паднете. Тешко ќе биде да се промени нешто бидејќи на тој дел има многу планини, но нешто мора да се направи бидејќи оваа патека со сигурност не е најбезбедната во шампионатот.“

Back To Top