„Брзите свиоци ќе ни одговараат, затоа мислам дека треба да работиме на тој дел и да го направиме најдобриот можен сет ап“ – Маверик Вињалес

Ѕвездите на Suzuki MotoGP, Маверик Вињалес и Алеш Еспаргаро се надеваат дека лесното управување со GSX-RR ќе им помогне да ја надминат предноста што ја има Ducati на правец, на трката која ќе се оддржи овој викенд во Австрија.

На приватниот тест кој се оддржа минатиот месец на патеката Red Bull Ring, Вињалес и Еспаргаро завршија на седмото и осмото место, а мотоциклите на Ducati ги освоија првите четири места.

Трката во Австрија е прва трка по завршувањето на летната пауза, а исто така и за прв пат по 1997 година таа се најде на MotoGP календарот.

vinales 9

„Летната пауза ми помогна да се одморам и да се фокусирам,“ изјави Вињалес кој се наоѓа на петото место во генералниот пласман. „Покрај одморот, исто така и тренирав многу бидејќи сакав да бидам подготвен за вториот дел од шампионатот. Досега постигнавме позитивни резултати но можеме и подобро. Затоа мораме да продолжиме напорно да работиме и да искористиме најмногу што можеме од мотоциклот.“

„Во Јули имавме тест тука во Австрија и имав добро чувство. Патеката е многу брза. Тоа значи дека ќе бара многу од моторот, а GSX-RR е значително подобрен во споредба со минатата година. Но, на ривалите кои имаат посилни мотоцикли ќе им биде многу полесно.“

„Во исто време, брзите свиоци ќе ни одговараат на нас па затоа мислам дека треба да работиме на тој дел и да го направиме најдобриот можен сет ап.“

Еспаргаро, кој исто како и Вињалес ќе го напушти тимот по завршување на актуелната сезона, изјави:

„Кога дојдовме во Шпилберг во jули, собравме многу информации кои ќе ни бидат од корист,“ изјави Шпанецот кој се наоѓа на единаесетото место во шампионатот. „Патеката е многу чудна, многу е брза и за моќните мотоцикли ќе биде полесно. Но има делови каде што нашата шасија ќе ни биде од корист.“

„Патеката е променета и асфалтот е перфектен. Нема испакнати делови, нема поврзувања. Површината е мазна и чиста. Ќе биде интересно да видиме кој ќе се адаптира најбрзо и најлесно. После тестот работевме на податоците што го земавме и веќе имаме идеја како да го подготвиме сетапот. Но, и временските услови ќе играат голема улога.“

Back To Top