Според најновите информации кои ни пристигнуваат од Repsol Honda, Марк Маркез добил дозвола да ги засили тренинзите со цел постепено да се врати во MotoGP.

За време на последниот лекарски преглед кој го имал Марк Маркез било утврдено дека ситуацијата се подобрува и тој добил дозвола да ги засили тренинзите. Според оваа одлука и доколку се биде во најдобар ред, Маркез би можел да се појави на првата трка од сезоната која е закажана за 28-ми март.

Шпанецот беше надвор од трките уште од јули минатата сезона кога ја скрши раката за време на првата трка од сезоната која се возеше во Херез. Поради тоа му беа направени дури три операции, од кои последната беше во декември. Последниот извештај на лекарите пак покажува дека има значаен напредок во однос на заздравувањето на коската.

 DSC3954 copy copy

Од Repsol Honda велат дека не се променети нивните планови во однос на враќањето на Маркез на патеката и дека тој ќе почне да вози само тогаш кога докторите ќе кажат дека тој е подготвен.

Но и покрај ваквата информација, не се очекува Маркез веднаш да се качи на мотоциклот, туку најпрво ќе почне со вежби во сала. Иако коската е заздравена, сепак тој треба да работи на мускулите.

Во продолжение следува целосното соопштение на Honda.

„Во однос на медицинскиот извештај на Марк Макрез, 14 недели после операцијата на раката, медицинскиот тим предводен од докторите Самуел Антуња и Игнацио Роџер де Оња, потврдува дека има напредок во заздравувањето на коската. Од овој момент, Маркез може да го засили тренингот со цел постепено да се врати на трките.“

Инаку, Маркез ги пропушти двата претсезонски тестови кои се одржија во Катар.

Back To Top