Џек Милер имаше одличен настап на последниот ден од тестовите во Катар. Добра адаптација на мотоцилот на Honda имаше и Пол Еспаргаро.

Новиот возач на фабричкиот тим на Ducati, Џек Милер, не беше премногу возбуден и покрај тоа што постигна најбрзо време и го урна рекордот на патеката во Катар.

Отсуството на тимовите од Moto2 и Moto3 значеше дека условите на патеката беа многу поразлични отколку за време на тркачкиот викенд.

Австралискиот возач вели дека вистинската слика во однос на престојната сезона ќе ја видиме дури откако возачите и тимовите ќе заминат на друга патека, некаде каде што се уште не тестирале.

„Резултатите кои ги постигнуваме на тестовите секогаш се специјални“, вели Милер. „Доколку ја погледнете брзината која ја постигнав денеска, сигурно ќе си помислите дека многу лесно би можел да победам на трката. Но има многу фактори кои влијаат а кои ги нема за време на тестовите.“

„Мислам дека е рано да се каже како ќе се одвива сезоната, за тоа ќе мораме да почекаме до првиот тркачки викенд. Мислам и дека повеќето мотоцикли тука покажуваат добри резултати а Гран При трката е секогаш изедначена. Мислам дека подобра слика за сезоната ќе имаме кога тимовите ќе си заминат од Катар.“

Jack MIler motogp qatar testing txt 1 11 03

Но во секој случај, резултатот на Милер од 1 минута и 53.183 секунди беше доволен тој да се најде на првото место. Веднаш зад него завршија возачите на Yamaha, Фабио Куатрарато и Маверик Вињалес.

„Мислам дека не можев да постигнам подобар резултат денеска“, вели Милер. „Не можете да побарате подобри услови тука во Катар. Немаше ветер а тоа значи и дека немаше песок на патеката.“

„Температурата исто така беше добра а влажноста на воздухот беше околу 60 проценти, што е навистина ниско за вечерните часови во оваа држава. Имавме одлични услови за возење.“

„Мислам дека сите возачи притискаа најмногу што можат. Фабио имаше добро време а и Маверик, како и секогаш, покажа дека е брз.“

„Имам одлично чуство на мотоциклот а денеска возевме со две меки гуми. Но јас не сум целосно фокусиран на резултатот туку сакав да испробам неколку различни работи за подобро да го научам мотоциклот.“

„Со Ducati во минатото имавме проблеми на едни патеки но на други постигнувавме добри резултати. Главната цел на овој тест е да се подготвиме најдобро што можеме за шампионатот. Но исто така има и одредени работи кои мораме да ги надминеме.“

Jack MIler motogp qatar testing txt 2 11 03

Една од тие работи се надворешните додатоци на мотоциклот, меѓу кои се и аеродинамичните делови кои се наоѓаат кај предното тркало.

„На почетокот на тестот возев со мотоциклот кој ги има аеродинамичните додатоци од минатата сезона, а после тоа, во остатокот од сесијата возев со новите додатоци“, вели Милер.

„Среќен сум од резултатот а мислам дека и другите возачи се задоволни од времињата кои ги постигнаа.“

Милер вели дека тимот во следните два дена ќе работи на тракцијата, особено во свиокот број 10.

„Дури и за време на најдобриот круг кој го извозев, имав проблеми во третиот сектор“, вели Милер. „Мислам дека кога со одредена брзина го навалуваш мотоциклот, се создава проблем со задното тркало.“

Во однос на настапот на возачот на Repsol Honda, Пол Еспаргаро, кој имаше петти најдобар резултат и покрај тоа што ова за него беше само три настап со RC213V, Милер вели дека очекува Шпанецот да се бори за победа на првата трка која е закажана на 28-ми март.

„Според мене, Пол имаше одличен настап на тестот и покрај тоа што го промени тимот после долги години поминати во КТМ.“

„Во КТМ тој имаше челична шасија и мислам дека нејзините карактеристики се комплетно различни од оние на Honda. Мислам дека добро се адаптира а тоа се гледа и по резултатот кој го постигна на тестот.“

„Морам да признаам и дека сум изненаден бидејќи не секој возач може да се справи со мотоциклот на Honda. “

Најпознатиот возач кој се соочуваше со проблеми во Honda е Хорхе Лоренцо, кој се судри со Милер по завршувањето на првиот тест.

„Јас само го кажувам тоа што го мислам кога некој зборува лоши работи за мене“, вели Милер. „На социјалните медиуми се зборуваат многу лоши работи, особено кога еден возач ќе доживее несреќа. Јас воопшто не се согласувам со тоа.“

„Ќе се обидам да бидам поголем човек од него и нема да му вратам на одговорот. Ќе продолжам со животот а тој може да ужива на некоја плажа.“

Back To Top