Валентино Роси е задоволен од напредокот кој го направи на вториот MotoGP тест во Катар.

Поранешниот шампион го комплетираше вториот и последен претсезонски тест кој се оддржа во Катар. Но и покрај тоа што на крајот Италијанецот заврши на тринаесетото место, Роси вели дека е задоволен од настапот и дека се чуствувал како вистински возач.

Новиот возач на Petronas Yamaha имаше тежок старт на минатонеделниот тест. Но овојпат, Роси имаше поконзистентно возење. Ова за него беше трет настап за Малезискиот тим.

Иако Роси заостануваше повеќе од една секунда зад Фабио Куартараро и Маверик Вињалес кои се дел од фабричкиот тим, Италијанецот беше блиску до тимскиот колега, Франко Морбидели, откако го подобри резултатот кој го постигна во неделата.

valentino rossi qatar txt 1 11 03

„Денеска имав далеку подобар ден. На крајот завршив на тринаесетото место што и не е толку добро, но сепак го подобрив моето време за повеќе од една секунда. Исто така ја подобрив и брзината и се чуствував подобро на мотоциклот“, вели Роси.

„Целиот тим работеше напорно, се уште не сум во посакуваната форма но се движам по вистинскиот правец. Првите двајца возачи, а особено Вињалес, беа навистина импресивни. Мислам дека тоа е и новиот рекорд на патеката.“

„Денеска јас се чуствував како вистински возач. Добро возев и имам голем напредок. Пробавме нови работи и испробавме нови шасии. Ми недостасуваа неколку работи но и покрај тоа сметам дека имавме добар старт.“

Роси е еден од најзафатените возачи на Yamaha кога станува збор за тестирање на новата шасија. Иако таа се уште не е иста како онаа од сезоната 2019, која ја преферираат сите возачи на Yamaha, има знаци дека постои добар напредок.

Шасијата не беше единствениот дел на кој Роси посвети посебно внимание. Тој исто така тестираше и неколку нови аеродинамични делови.

valentino rossi qatar txt 2 11 03

Роси додава: „Новата шасија е подобра, особено при вртењето. Тоа не е случај со шасијата од сезоната 2020.“

„Не е иста како шасијата од 2019 година, но во секој случај е блиску до тоа. Денеска испробав и неколку нови делови во однос на аеродинамиката, и морам да признаам дека е прекрасно.“

„Имаме големо подобрување во однос на максималната брзина. Тоа е позитивно иако Ducati се уште се барем за 10 км/ч побрзи од нас. Но, ние се подобруваме.“

Контактот на пневматиците со површината е уште еден проблем со кој Yamaha се соочуваше во сезоната 2020. Ова повторно се покажа како проблем во неделата но се чини дека тимот направи напредок и во тој дел.

„На вториот ден од минатонеделниот тест имав проблеми со пневматиците. Но денеска пневматиците беа многу подобри.“

Добра е и шасијата и тоа ми помогна да постигна поголема брзина. Го подобрив и стилот на возење.“

„Севкупно гледано ова беше позитивен ден. Кога пробувате нови, подобри работи, тоа ви ја зголемува и мотивацијата. Воопшто не е лесно да ја зачувате мотивацијата и концентрацијата после долг и напорен тест.“

Back To Top