MotoGP

Petronas SIC Yamaha подготвен за деби во MotoGP

Тешко е да се чува тајна во MotoGP. А една од најлошо чуваните тајни беше онаа дека Сепанг Интернационалната патека или скратено SIC, планира да има свој MotoGP тим.

Следете нè на:

 

Откако за прв пат се појавија гласини дека се заинтересирани да имаат свој MotoGP тим, оттогаш постојано се појавуваше по некоја информација. Но сега речиси имаме конечна слика. Оваа информација официјално ќе биде потврдена на патеката во Силверстоун каде што во петок ќе се оддржи прес конференција.

5b3ddc3b0ee6940b7f349c23 sic yamaha el nuevo equipo de motogp

Еве што досега знаеме: тимот ќе биде екстензија на актуелниот Petronas Sprinta Racing за кој во моментов возат Адам Нородин и Ајуми Сасаки во Moto2 и Ники Тули во Moto3 серијата.

Целта е да имаат по двајца возачи во секоја од сериите, а исто така планирано е да бидат дел и од FIM CEV Junior World Moto3 шампионатот.

Актуелниот менаџер на тимот Petronas Sprinta, Јохан Штигефелт ќе продолжи да биде одговорен за тимот во сите три класи. Сепак менаџментот на MotoGP тимот ќе му биде доделен на Вилко Зеленберг кој во моментов е задолжен за анализа на возењето на Маверик Вињалес.

Бидејќи Зеленберг ќе има премногу обврски, наскоро се очекува да биде објавено и кој ќе биде тренерот на возачите.

Иако се уште не е официјално објавено, возачи на тимот ќе бидат Франко Морбидели и Фабио Куартараро.

Petronas има доволно голем буџет за да добие подобар мотор од Yamaha во споредба со Tech3. Морбидели ќе вози со речиси идентична М1 додека пак Куартараро најверојатно ќе вози со сателитски мотоцикл.

Рамон Форкада ќе се приклучи на екипата и во иднина ќе биде шеф на тимот на Франко Морбидели. Тимот во голем дел ќе биде составен од поранешни вработени во Marc VDS MotoGP кој ќе ја напуштат серијата во 2019 година.

На прес конференцијата ќе присуствува извршниот директор на SIC, Разлан Разали како и претседателот на SIC, Азман Јахја. Извршниот директор на Petronas, Ван Зулкифле исто така ќе биде дел од настанот заедно со Малезискиот министер за млади и спорт Сајед Садик.

Целта на тимот во прв план е да се промовираат Малезиските, а потоа и Азиските таленти  но исто така, како што велат, ќе се обидат да го направат тимот успешен во сите сегменти од натпреварувањето.

Ова е и една од причините зошто на тимот му требаше толку време да се комплетира. Првично, Petronas и SIC сакаат да имаат некој познат возач и голем дел од своето време го потрошија во обид да ги убедат најпрво Хорхе Лоренцо, а потоа и Дани Педроса да му се приклучат на тимот.

Лоренцо се одлучи за сигурноста која ја дава фабрички тим додека пак Педроса соопшти дека веќе нема желба да биде дел од натпреварувањето.

Франко Морбидели веќе беше многу блиску да стане дел од тимот со оглед на тоа дека потекнува од познатата VR46 академија. Сепак тимот одлучи да се коцка со младиот Фабио Куартараро наместо да се обиде да го привлече далеку поискусниот Алваро Баутиста.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.