MotoGP

Пуиг не е задоволен поради казната на Маркез

И покрај барањата од ривалите да се зголеми казната на Маркез после сударот кој го имаше со Роси, Пуиг се надева дека ќе има поинаква одлука, сега откако се смири ситуацијата.

Следете нè на:

 

Шефот на Honda, Алберто Пуиг ги обвини организаторите на трката во Аргентина за казната која ја доби Марк Маркез, наместо да признаат дека самите се виновни за целата конфузија која настана.

717593

Откако не доби соодветен одговор после проблемите кои ги имаше со мотоциклот на стартот на трката, поранешниот Гран При победник смета дека Маркез го направил она што мислел дека е исправно.

„Од наша гледна точка, не е целосно јано што точно се случуваше на патеката.  Настана нешто што вообичаено не се случува, а после тоа проблемите само се зголемуваа. Возачот постапи така како што мислеше дека е исправно. Кога се наоѓате во некоја ситуација и кога позади вас има дваесетина возачи, сакате да бидете на безбедна позиција. Мислеше дека и маршалите му кажуваат така да постапи и никој не се обиде да го отстрани од позицијата.“

И покрај барањата од ривалите да се зголеми казната на Маркез после сударот кој го имаше со Роси, Пуиг се надева дека ќе има поинаква одлука, сега откако се смири ситуацијата.

„Валентино има големо искуство и знае дека вакви работи можат да се случат за време на трките. Исто така, вакви работи се случуваат и кога условите на патеката не се идеални. Навистина ни е жал но сметаме дека работите беа надвор од контрола. Секако дека разбирам зошто Валентино и Yamaha не се среќни поради оваа ситуација и имаат право да бидат така. Но ова ни се има случено на сите нас многу пати досега.“

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.