Освежениот модел како главна награда на најдобриот во Moto2 според бодувањето на Triumph.

Triumph Triple Trophy Qatar 1

Маркетиншкиот бенефит заради учество во највисоката форма на мотоспорт натпреварување е тешко мерлив во суви бројки, но секако имиџот на брендот добива дополнителна вредност. Triumph не е некој непознат бренд, но сепак не се двоумеше кога беше отворена можноста да ја замени Honda како единствен добавувач на мотори во класата Moto2 во 2019-та година. Од тогаш руши рекорди во класата, како брзински така и рекорди во поглед на издржливост. Ова второво е посебно важно во поглед на маркетинг, затоа што во шасијата на тркачките мотоцикли се вградува мотор од 765cm³, кој е во основа истиот кој се вградува во Triple RS, сосема малку дотеран за Moto2. 

Тоа што во трка постигнува лудо високи брзини, како на пример рекордот на патеката на Philip Island со максимална брзина од 301.8km/h, е навистина за пофалба и зборува за тоа колку е добро склопена оваа машина. Сепак станува збор за 3 цилиндричен мотор од 765 “кубика” и 138 “коња”, за разлика од сериските 121 кај Triple RS. 

Откако настапуваат во средната класа Moto2, со нивните мотори се закитија со шампионска титула возачите Alex Marquez, Enea Bastianini и Ramy Gardner кои сега настапуваат, а некои од нив дури и победува во MotoGP. Лесната транзиција им е олесенета токму со помош на моќниот мотор на Triumph.

Да се вратиме ние на наградата. Во оваа сезона главната награда овогодинешниот Triumph Trophy ќе ја земе возачот кој ќе освои најмногу бодови според следниот систем. Бодувањето е 7 поени за оној кој ќе има најмногу напредувано во трка, односно кој ќе надомести најмногу позиции, 6 поени за оној кој ќе освои пол позиција и 5 поени за најбрз круг. Тоа значи дека во ова бодување победникот на првата трка Celestiono Vietti води со 11 поени, заради пол позицијата и најбрзиот круг. Немаше шанса за освојување на повеќе поени заради фактот што во ниеден момент не го изгуби водството. Сигурно нема да му биде премногу криво ако на крај од сезоната се закити со титула, а ја испушти наградата од Triumph. 

Ќе видиме кој возач од шампионатот ќе и се радува на главната награда Triumph Triple RS на крајот од оваа сезона, која е воедно и прва по продолжувањето на договорот на уште 3 години со Британскиот производител. Шефот на DORNA, Carmen Ezpeleta, изрази посебна благодарност до производителот Triumph заради професионалноста, особено заради пандемијата која не ги премисли да продолжат.

Back To Top