Останато

Дакар 2018: Сандерленд ја презеде контролата

 Возачот на фабричкиот тим на КТМ ја искористи грешката која ја направија Жоан Бареда (Honda), Адриен ван Беверен (Yamaha) и Матиас Валкнер (КТМ) кои погрешија на почетокот на етапата долга 296 километри.

Следете нè на:

 

И покрај тоа што стартуваше од седмата позиција, Британецот Сем Сандерленд ги надмина очекувањата и успеа да победи на третата етапа. Возачот на фабричкиот тим на КТМ ја искористи грешката која ја направија Жоан Бареда (Honda), Адриен ван Беверен (Yamaha) и Матиас Валкнер (КТМ) кои погрешија на почетокот на етапата долга 296 километри.

SunderlandDay3

Ова значи дека Сандерленд, кој падна на четвртата позиција после втората етапа, сега повторно се најде на врвот. Во интервју со MCN, Сандерленд изјави: „Да бидам искрен, се надевав дека ќе направам поголема разлика но за жал направив неколку грешки. На првиот дел од етапата бев прилично брз но во вториот дел на два пати се загубив, а плус тоа и паднав.“

„Засега е добро. Победив на две од три етапи но повеќе би сакал да бидам победник на релито отколку да победувам на етапите. Добро е да си на првото место но мораме да признаеме дека не чека напорна работа. Првите неколку дена беа напорни. Се обидувам да не се вознемирам премногу кога навигацијата ќе стане тешка.“

„Лут сум на себеси поради падот. Видов дека има препрека на патот, притиснав на сопирачката но поради песокот се лизнав. Физички сум изморен но тоа и може да се очекува. Поради падот ме боли зглобот на раката но ова е Дакар и сето тоа е составен дел од релито.“

Следната етапа се вози во Сан Хуан Де Маркона и има песочни дини во должина од 100 километри. Исто така и стартот на етапата ќе биде голем, односно редици од по 15 мотоцикли ќе стартуваат истовремено, а секој ред мотоцикли ќе стартува со пет минутна разлика меѓу себе.

Резултати од Етапа 3

  1. Sam Sunderland           GBR                 KTM                 3h20m43s
  2. Kevin Benavides           ARG                 Honda              +3m 03s
  3. Toby Price                    AUS                  KTM                 +3m 28s
  4. Ricky Brabec                USA                  Honda              +3m 55s
  5. Pablo Quintanilla         CHL                  Husqvarna       +4m 20s
  6. Gerard Farres               ESP                  KTM                 +5m 08s
  7. Stefan Svitko                 SVK                  KTM                 +6m 03s
  8. Antoine Meo                FRA                  KTM                 +6m 23s
  9. Ignacio Cornejo            CHL                  Honda              +7m 06s
  10. Walter Nosiglia            BOL                 KTM                 +8m 27s

Генерален пласман по 3 етапи

  1. Sam Sunderland          GBR                 KTM                 6:44.23
  2. Kevin Benavides          ARG                 Honda              +4.38
  3. Pablo Quintanilla        CHI                  Husqvarna       +5.00
  4. Toby Price                   AUS                  KTM                 +7.28
  5. Ricky Brabec               USA                  Honda              +8.00
  6. Matthias Walkner       AUT                 KTM                 +8.50
  7. Adrien Van Beveren    FRA                  Yamaha           +10.37
  8. Antoine Meo               FRA                  KTM                 +10.54
  9. Michael Metge           GBR                 Honda              +11.32
  10. Franco Caimi               ARG                 Yamaha           +13.02

 

comments

Би можело да ве интересира

Луѓето од „Jennings“ повторно имаат нешто интересно за нас. Овој пат се мото компании кои произведуваат автомобили.

Италијанецот призна дека не очекува да биде компетитивен на првата трка која ќе се оддржи на патеката во Катар следниот месец. Во текот на минатата сезона, тој постојано имаше проблем со забрзувањето.

Неколку зборови зошто аеродинамиката е важна и зошто тимовите посветуваат толку внимание на неа.

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!