Kawasaki ќе вози низ „Bonnville Salt Flats“ и ќе се обиде да постави нов светски рекорд.

Од 11-ти до 18-ти август 2018 година, „Bonnville Salt Flats“ ќе ги привлече љубителите на мотоцикли од сите страни на светот. Иако досега се имаат поставено голем број на рекорди, никогаш не е доволно брзина. Но оваа година, Kawasaki ќе вози низ долината и ќе се обиде да постави нов светски рекорд. Каков рекорд? Не знаеме.

3801 770x433

Kawasaki H2 и неговиот роднина кој е повеќе фокусиран на тркачките патеки, H2R, се меѓу најдобрите мотоцикли. Верзијата H2 има 200 коњски сили и 998cc inline-4 мотор кој многу лесно може да развие брзина од 200 милји на час. Ова е едно од оружјата со кои Kawasaki ќе настапи на „Speed Week“.

Ова ќе биде втор обид на тимот да урне светски рекорд. Од компанијата велат дека многу научиле од претходниот обид кој ги комбинира силата на возачите, инжинерите и ентузијастите и дека се подготвени да се обидат повторно. После се, тимот има историја на поставување на светски рекорди. Во 1967, Kawasaki Team 38 постави 14 AMA брзински рекорди.

Оваа година ќе се обидат да урнат уште еден рекорд. Единствено нешто што знаеме е дека Шигеру Јамашита ќе настапи со специјален H2 а нивниот слоган е "#beyondspeed".

Back To Top