Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите. Станува збор за краток спој кој ги запалил батериите.

MotoE проектот беше речиси уништен во големиот пожар кој се случи за време на првиот тест на патеката во Херез. Огнот за кусо време се проширил низ целата гаража и уништил голем дел од мотоциклите и опремата на тимовите.

Организаторите беа приморани да ја откажат првата трка од серијата која требаше да се одржи на патеката во Херез помеѓу 3-ти и 5-ти мај а исто така откажан е и остатокот од претсезонските тестови.

MotoE Txt 19 03

Полицијата се уште ги испитува причините за инцидентот но открија дека најверојатно станува збор за краток спој кој ги запалил батериите. Во моментов се уште не се знаае што го предизвикало спојот.

Од MotoE соопштија дека пред да настане пожарот, ниту еден мотоцикл не бил оставен да се полни.

Организаторите се решени серијата да започне оваа година но во моментов се уште не се знае точниот датум. Тимовите пак се убедени дека ќе го надминат овој проблем и дека целата опрема и мотоциклите ќе бидат заменети.

Back To Top