WSBK

WSBK: Објаснети правилата за 2018 година

Минатата сезона, Kawasaki и Ducati вкупно 72 пати се најдоа на подиумот. Ваквата доминација на овие два тима предизвика сериозна штета на серијата во изминативе неколку години.

Следете нè на:

 

Затоа одговорните лица одлучија да преземат нешто за да се намали разликата меѓу Kawasaki, Ducati и останатите тимови и тркањето во иднина да биде поинтересно.

Новите регулации кои се воведени, на хартија се прилично комплексни но во теорија тие треба да ја направат серијата повторно динамична каква што беше во минатото.

techrules

Има три клучни аспекти во новите правила за 2018 година: Ограничување на бројот на вртежи (rev limits), ограничување на развојот (concession points system) и разлика во цената на деловите (cost-capped approved parts).

  1. Rev limits

Перформансите на машините претходно беа контролирани преку рестрикции на протокот на воздух кај V-twin моторите. Во 2018 година ќе има максимална граница за секој одделен производител. FIM, предводен од поранешната ѕвезда во BSB шампионатот, Скот Смарт, најпрво направија шема која го содржи реалниот број на вртежи кои ги има секој мотоцикл, а потоа на секој одделно му дададе дополнителни 3.3 проценти максимален број на вртежи. А со цел балансот да биде што е можно поизедначен, лимитите можат да се променат во текот на сезоната. Доколку некој производител премногу се оддалечи, тогаш моќноста на неговиот мотоциклл ќе биде намалена, а кај оние екипи пак кои премногу заостануваат ќе биде зголемена моќноста. Сето ова ќе се утврдува преку специјално дизајниран алгоритам.

Лимит на почетокот од сезоната:

Aprilia 14,700

BMW 14,700

Ducati 12,400

Honda 14,300

Kawasaki 14,100

MV Agusta 14,700

Suzuki 14,700

Yamaha 14,700 

  1. Concession points

Со овој систем практично се замрзнува моќноста за развој на мотоциклот за најуспешните производители. Оние тимови кои заостануваат пак ќе можат да прават промени но само преку претходно одобрените делови. Ова ќе се менаџира преку систем на поени, а сите оние тимови кои ќе се најдат на подиумот ќе добиваат бодови.

После три трки, доколку некој производител заостанува повеќе од девет поени зад лидерот, тој ќе има право да изврши само една промена од претходно одобрената листа. Промената не мора да се направи веднаш, односно тимовите сами ќе можат да одлучат кога ќе сакаат да ја извршат.

  1. Approved parts

Со цел да се овозможи подобрување на сателитските тимови, Dorna одлучи главните делови кај фабричките тимови да бидат поевтини за помалите, приватни тимови. Ова не е ново кај Светскиот Супербајк шампионат бидејќи истото веќе се применува за сопирачките, суспензијата и електрониката. Сега и клучните делови кај шасијата исто така ќе бидат покриени со овој план.

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!