Драган Ванов на доделувањето на признанието
Ванов Драган го освои петтото место на годинешниот избор за најуспешен спортист на градот Велес.
Изборот кој е во организација на Сојузот на спортови на градот Велес се одржа на бродот Панини. На изборот Ванов е прогласен за петти нај успешен спортист во Велес. Драган Ванов е член на мото клубот Мото Велес и годинава успешно настапуваше на трки од домашниoт шампионат во ендуро, во кој на крајот је освои вицешампионската титула во класата Е1.
Ванов признанието го доби благодарение и на трката Ендуроманиакс во Грција, една од потешките европски ендуро трки, која се вози два дена, на која учествуваат повеќе од 450 возачи, а Ванов на крајот финишираше во првите 30. За успешниот настапот на трката тој доби честитка и од Џовани Сала, шесткратен Светски шампион во Ендуро!
https://www.motori.com.mk/domashni-nastani/vaniv-dragan-petti-sportist-vo-veles-za-2013#sigProId38cb2aa489
Би можело да ве интересира
Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.
Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.
Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.
N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.
Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.
Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.