Кон крајот на декември имавме задоволство да бидеме дел од уште едно уникатно и пријатно искуство во организација на CFMoto, увозниците кои продолжуваат да поставуваат високи стандарди кога станува збор за односот меѓу увозник и корисниците на нивните производи.

CFMoto Kopaonik naslovna

Овој пат искуството беше комплетно различно. Бевме дел од зимска идилична авантура освојуваќи нови хоризонти со, за нас, несвојствени машини. Не возевме на 2 туку на 4, ама не беа ни тркала, туку гасеници.

CFMoto Снежното искуство беше организаирано во прегратките на Националниот парк Копаоник. Во Шалет Копаонички Врхови за топлото добредојде се погрижија домаќините CFMoto поддржани од Егзит Рент Копаоник и секако во соработка со CFMoto Македонија и CFMoto Црна Гора.

Презентацијата се состоеше од два дела. Во првиот се запознавме со возилата, безбедност при возење и нивно основно користење. Во текот на вториот дел  продолживме малку повеќе со возење и поминавме повеќе од половина ден низ 1-вата зона на Националниот парк Копаоник, каде колку пати и да се враќаме повторно и повторно овој национален парк не изненадува со својата убавина и недопрена природа. Совршена локција за ова искуство, нема збор. 

CFMoto Kopaonik grupna

На располагање беа вкупно 9 возила претставени со избор од 3 модела 625, 1000 АТВ и 1000 УТВ. Оригинално овие возила доаѓаат со 4 тркала но за ова зимско искуство беа опремени со гасеници од Casmo, опрема која исто така може да се купи кај дилерите на CFMoto.

Како и секогаш тимот на CFMoto беше расположени да одговори на сите наши прашања и да ни помогне со квадовите кога имаше потреба.

Возевме CFORCE 625 со автоматски менувач, придвижуван од четворотактен 580cc мотор со водено ладење и Bosch EFI систем за вбризгување на гориво кој испорачува 40 КС. Погонот на 2 или 4 тркала, како и блокадата на предниот диференцијал кај овој модел се лесно достапни само со притискање на копче. Возењето беше вистинско задоволство а моќноста комплетно соодветна за тежината и големината на самото возилото.

Поголемите браќа, CFORCE 1000 и UFORCE 1000, со CVT автоматски менувач, се возила придвижувани од ист агрегат, 963cc V-твин со 4 вентили по цилиндар и водено ладење кои испорачуваат 79 КС. Разликата е што еден е наменет за забава, АТВ, а другиот за професионална употреба, УТВ. Заради условите во кои се одвиваше оваа промоција, можност да возиме самите имавме само со помалиот модел, поголемите останаа во рацета на поискусните. Не се буниме, не дека 650 кубни сантиметри и 40 КС не се доволни. 

CFMoto Kopaonik konvoj

Изработката на возилата е солидна, цврста и спремна за сите предизвици кои ќе и им се појават на пат, дури и за сред зима на сериозни темепратури под нулата и голема длабочина на снежна наслага. Иако чуството на задоволство и слобода додека ги возевме квадовите е тешко да се опише со зборови, топло препорачуваме да пробате лично затоа што ова навистина беше возење што долго ќе го памтиме.

Нашето искуство беше секако за забава и истражување на преубави предели, но, покрај забавниот карактер на овој тип возила, нивната компактна димензија и моќност им овозможува да се користат и професионално од страна на пожарникари, чувари на природата, спасувачки служби, земјоделци и каде ли уште не. Секако самите увозници стојат на располагање за сите потребни модификации кои се неопходни за специјалните потреби. 

Пазарот на квадови соочен со предизвици!

Во светот, но и во нашето соседство расте бројот на корисници на овие мултинаменски возила. Бројот на квадови и во Македонија се зголемува, но како и кај други понови типови возила, така и со квадовите има предизвици. Скоро и да не поминува разговор со некој од (малкуте) увозниците а да не се пожалат на несоодветната и неадаптирана законска регулатива. Сето ова придонесува за повисоки цени кон крајниот корисник, нестабилност на понудата и поголем ризик и неизвеност за самите увозници.

Водени од ова кратко но супер позитивно искуство, и од фактот дека „квадџиите” веќе стануваат „критична маса” нам не ни останува премногу освен да го охрабриме развојот на овој сегмент, и да им се заблагодариме на CFMoto што ни овозможија уште едно незаборавно искуство a со тоа и продолжија да ја потврудваат позицијата на крајно сериозен играч на регионалниот пазар на мотори и квадови. 

Back To Top