Мото клубот Мотори од Скопје во петок (26.12.2014) организира акција во која ќе им бидат поделени пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во Скопје.

Мото клубот Мотори од Скопје во петок (26.12.2014) организира акција во која ќе им бидат поделени пакетчиња на децата од заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во Скопје.

Акцијата ќе се одржи во петок, со почеток во 10 часот, а собирањето е закажано за во 9.30 во кафулето „Кватро“ во Кисела Вода. Без разлика на временските услови, пожелно е да се појде со мотор, но секако нема да ве вратат доколку сакате да ја покажете вашата хумана страна и да појдете со автомобил. 

Целта е да им се поделат новогодишни пакетчиња на децата од заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во Кисела Вода. Облечени како Дедо Мразовци, 50-на членови на МК Мотори и нивни пријатели ќе се обидат да им ги разубават новогодишните празници на дечињата со оштетен вид. Поканата е отворена за сите моторџии кои сакаат да учествуваат во акцијата, доволно е само да дојдете во 9.30 во кафулето „Кватро“ во Кисела Вода.

Веднаш по завршувањето на настанот чиј водител ќе биде Игор Џамбазов, дел од присутните ќе заминат кон Куманово каде ќе ја поддржат акцијата на МК Мечки. Според планираната програма најдоцна до 11 часот треба да завршат активностите во „Димитар Влахов“.

Back To Top