Интервјуа

Лука Поцато: Италија ми е неисцрпен извор на инспирација

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Следете нè на:

 

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Стартот на нашата авантура е во Торино. Тука се наоѓа студиото „Officine GP “ кое неодамна го претстави Ducati Penta V4. Разговараме со дизајнерот Лика Поцато кој ни ја открива тајната на неговите уникатни дела.

Лука, од кога земаш обични мотоцикли и ги претвораш во уникатни уметнички дела?

„На мојата работа имам посветено илјадници часови. Роден сум во Торино во 1973 година во семејство кое се занимаваше со продажба на мотоцикли. Од 2008 година започнав со креирање на сопствен концепт на мотоцикли. Првиот успех го постигнав во 2008 година. Suzuki  Италија славеше еден век постоење и одлучи да направи три лимитирани верзии. Мојот тим ја имаше можноста да го креира целиот проект, од првите скици па се до целосна изградба на мотоциклот. Suzuki беа задоволни од резултатот. Ова доведе до уште успешни соработки во иднина , меѓу кои и со Apple, AMG, Bomboogie, Suzuki Marine, MV Agusta и Honda. “

Luka Pozzato Txt 1 15 02

Како би го дефинирал твојот стил? Изгледа многу поинаку од она на што сме навикнати.

„Мојот стил е многу комплексен но во исто време и многу едноставен. Секогаш се обидувам да креирам една хармонија на проектот преку следење на фундаменталните принципи: минато, сегашност и иднина. Се обидувам да креирам модели кои се безвременски но исто така треба да ја престават и идејата која ја има клиентот.“

Италија е позната по стилот и дизајнот и тука има многу специјалисти во своите области. Дали мислиш дека твојот стил е типично италијански?

„Апсолутно да! Ја црпам енергијата од Торино и за мене Италија е бескраен извор на инспирација.“

Каков е процесот кога станува збор за персонализација на еден мотоцикл?

„Првиот, опширен, разговор со клиентот е главниот дел од креативниот процес. Потоа работите, една по една, ги визуелизирам во мојата глава и потоа ги цртам. Потоа следи истражувањето, ги одбирам материјалите кои сакам да ги користам и со кои компании би можел да соработувам на проектот.“

Luka Pozzato Txt 2 15 02

Кој е твојот сон како дизајнер?

„Сон ми е да можам да ја изразам мојата уметност на сите видови објекти. Не само на мотоцикли туку и на автомобили, мебел ,мода...“

Што ја прави твојата соработка со Motul толку посебна?

„Оваа соработка доаѓа од тоа што добро ги знам нивните производи. Мојот татко ги користеше во минатото а потоа таа традиција се префрли и на мене. Motul отсекогаш бил дел од нашиот семеен бизнис и преку користењето на овој бренд сакаме да го изразиме квалитетот и специјализацијата. Главниот дел од нашето партнерство се оформи  преку Motul ONIRIKA 2853. Тој беше дел од MV Agusta Brutale, кој се покажа како голем успех и ги надмина сите очекувања. “

Luka Pozzato Txt 3 15 02

Кои производи на Motul ги користиш во твојата работилница?

„Во зависност од нашите потреби ја користиме целата линија на лубриканти. Се потпираме на Motul за моторите и сопирачките. Поради мојата пасија кон мотоциклите, сакам тие темелно да бидат чисти и поради тоа производите од линијата MC CARE  секогаш ми се на дофат.“

Luka Pozzato Txt 4 15 02

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.