На некој начин, именувањето на Алберто Пуиг за нов тимски менаџер на Repsol Honda претставува во исто време изненадување но и логична одлука.

Тој е личноста која очигледно има капациитет да управува со тимот, има големо искуство како тимски менаџер но исто така и долго време е со екипата. Но тој е исто така и некој кој има комплицирана соработка со актуелните возачи во тимот. Претходно работеше со Дани Педроса а досега се има судрено и со Марк Маркез и Емилио Алзамора.

albeto puig hrc dani pedrosa repsol honda motogp scott jones

За време на тестот во Сепанг, Шпанецот за прв пат откако беше назначен на новата функција имаше можност да разговара со новинарите. Тој говореше на многу теми меѓу кои и за предизвиците со кои се соочува тимот, неговата нова улога како тимски менаџер но и начинот на кој планира да раководи со односите меѓу возачите. Но тој исто така говореше и за тркањето и за тоа кои се клучните работи потребни за да се постигне успех.

Еве што имаше да каже:

  1. Дали беше изненаден кога Honda те назначи за менаџер?
  • Долго време сум во тимот и затоа постоеше можност да извршувам и некоја друга функција. Тоа не е ништо ново. Секако дека мислам дека кога подолг период си во одредена средина, имаш можност да прифатиш нови предизвици .
  1. Дали ќе продолжиш со „Asia Talent Cup“ или пак ќе се фокусираш на тимот. Која ќе биде твојата работа?
  • Да бидам искрен, во овој момент се обидувам да разберам што се вклучува работата на тимскиот менаџер. Во однос на проектите со кои се занимавав во минатото, тоа се проекти кои се поврзани со Honda, иако платформата беше Dorna. Но тоа беше заедничка работа за развој на талентирани Азиски возачи. Одлучивме да продолжам и таму да работам, можеби нема да бидам толку фокусиран како порано, но нашата соработка нема да прекине. Ќе продолжам да внимавам на неа и покрај тоа што имаме многу луѓе кои работат таму. Во однос на оваа работа, и во минатото сум бил тимски менаџер на тимови од класите 125 и 250. Мислам дека ја разбирам работата. Но исто така е точно дека ова е многу поголем тим, со многу поголеми очекувања.
  1. Дали тоа што си поранешен возач ќе го направи тимот посилен?
  • Мислам дека овој тим отсекогаш бил силен. Мислам дека тие се тимот кои имаат постигнато најмногу победи како кај возачите така и кај производителите. Искрено, не верувам дека една личност може многу да промени кај тимот. Сметам дека главното кај тркањето е да имате врвен возач и врвна технологија која ќе може да им обезбеди одличен мотоцикл на возачите. Доколку ги имате овие две работи, тогаш имате шанса да бидете добар тим. Дали тоа што сум поранешен возач може да ја подобри ситуацијата? Секогаш е добро да имате некој кој е искусен, но како што кажав претходно, тоа нема да промени премногу доколку ги немате двете главни работи.
  1. Дали има нешто што треба да се промени во однос на минатите сезони?
  • Не можам да кажам во моментов. Мислам дека овој тим е долго време заедно и мислам дека никој не може да донесе нешто сосема ново тука. Технологијата е нова, а и самата компанија секогаш се обидува да ги има најдобрите возачи. Но исто така и работите се менуваат. Искрено, работите ќе ги гледам од логична, едноставна и тркачка страна.
  1. Му бевте личен менаџер на Дани Педроса. Дали ќе има некакви компликации?
  • Добро го познавам Дани и бев личноста која му помогна да почне да се трка. Му помогнав да постигне многу победи, да освои три титули и заедно поминавме одличен период.  Тој период исто така ми помогна многу бидејќи тоа ми беше првата работа која ја почнав откако се повлеков од тркањето. Но сите луѓе не размислуваат исто и затоа ја прекинавме соработката. Сега повторно се сретнуваме но во различна позиција. Сега нема да бидам негов менаџер туку ќе бидам одговорен за тимот. Но мојата работа повторно ќе биде да му помогнам да постигне најдобри резултати. Во тимот имаме двајца возачи и ќе ги гледам на ист начин бидејќи таква ми е функцијата. Единствената разлика е што го знам Дани и го знам неговиот потенцијал.
  1. Со кои тимови работеше во минатото?
  • Во 2001 година соработував со Telefonica Movistar јуниорскиот тим во класата од 125cc, а тогаш дел од тимот беа Тони Елиас, Дани Педроса и Јоан Оливе. Во 2003 година работев со Себастиан Прото во класата од 250cc и со Дани во класата од 125cc. Во 2004 година, Дани премина во класата од  250cc и веднаш ја освои титулата. Истото се случи и во 2005 година. Во 2006 година, во класата од 125cc ги имавме Маркез и Рабат но исто така бев дел и од класата од 250cc каде што соработував со Дани.
  1. Имате работено со Дани, но какво е вашето мислење за Маркез?
  • Мислам исто како и вас. Тој е многу талентиран возач. Ментално тој е многу силен. Тој е конзистентен и во една долга сезона тоа е клучно. Тој е брз, силен и има голема самодоверба. Неколкупати досега заостануваше со бодови но сепак успеваше да се врати. Исто така, околу себе има формирано одлична група која многу му помага.
  1. Договорите на возачите истекуваат по завршувањето на сезоната. Некакви планови за 2020 година?
  • Искрено не. Мислам дека во моментов не е време да разговараме за тоа. Сега е најважно да видиме како ќе функционира машината, како нашите возачи се чувствуваат на неа.
  1. Нема да имате многу време со оглед на тоа дека Вињалес веќе потпиша нов договор, а Ducati велат дека сакаат да потпишат нови договори до март.
  • Во моментов го имаме најдобриот возач.
  1. Но треба и да го задржите...
  • Во моментов тој е тука и не сакаме да создаваме дополнителен притисок. Во право сте кога велите дека ситуацијата брзо се менува но мислам дека возачот на крајот ќе донесе исправна одлука. Доколку се брзате да направите нешто, можеби тоа не е добар знак.
  1. За да бидете добар тимски менаџер, исто така треба да сте и добар политичар.Имате искуство со возењето, но што е со политиката?
  • Ќе видиме, но мислам дека тоа не е голем проблем. Добрата работа тука е што можете да учите. Со годините се навикнувате на некои работи. Мислам дека нема да имам големи проблеми.
  1. Според вас, што е најважното нешто што треба да го има еден тимски менаџер?
  • Мислам дека главното нешто кај тркањето е технологијата и односите внатре во тимот. Секако, има луѓе од различни профили кои ја вршат оваа функција. Оние кои што доаѓаат од трките, повеќе се фокусираат на тоа за разлика од оние кои доаѓаат од маркетингот или логистиката. Морам да го направам тоа што го знам и токму на тоа и ќе се фокусирам.  Мислам дека моите принципи се многу блиски до принципите на HRC. Не верувам дека работие ќе се одвиваат премногу лесно, но ќе се обидеме.
  1. Марк освои четири од последните пет титули. Што може уште да се подобри кај тимот?
  • Добро прашање но истовреме и тешко. Работите секогаш може да се подобрат, не само во животот туку и во тимот. Бидејќи времињата се менуваат, доаѓаат нови работи и мораш да се адаптираш. Возачот има свои соништа и секогаш сака да победува, а ние сме тука да го поддржиме во тоа. Пред десетина години имаше голема разлика меѓу Honda и останатите тимови. Но сега со промена на регулацијата, работите се променети и тимовите се поизедначени. Тука и ние треба да се промениме, треба да му обезбедиме на возачот можност да се бори за титулата.
  1. Honda има и нови делови. Можете ли да ни кажете што можеме да очекуваме?
  • Како што знаете со новите регулации, деловите мора да бидат фиксирани за моторот. А бидејќи не смееме да правиме никакви промени, и двајцата возачи треба да ги имаат истите спецификации. Во моментов ова ни е најголема грижа и работиме напорно на тоа. Мислам дека тестот во Валенсија ќе биде од големо значење. Во моментов најмногу сме фокусирани да го подобриме целокупниот пакет на моторот.
  1. Во некој момент Маркез ќе сака да освои титула и со друг производител?
  • Ова зависи лично од возачот. Секој има свои соништа и предизвици. Ова е многу тешко да се одговори. Треба него да го прашате. Единствено што можеме ние да направиме е да му ги обезбедиме најдобрите можности за да не мора да ги бара на друго место.

Извор: motomatters.com

Back To Top