FIM го одобри делот и соопшти: „Ако велите дека со него се намалува температурата на гумата, тогаш е во ред.“  Мислам дека треба да ги промениме работите, Масимо Ривола - Aprilia

Додека ја чекаме одлуката на Апелацискиот суд по однос на жалбата која ја испратија четирите фабрики поради додатокот кој го имаше мотоциклот на Ducati, Aprilia се одлучи да испрати дополнително објаснување зошто се противи на уредот.

Тимот им се приклучи на Honda, Suzuki и КТМ и испратија заеднички протест против Ducati, кој наскоро треба да биде разгледан од страна на Апелацискиот суд задолжен за MotoGP.

Aprilia txt 2 26 03

Aprilia е убедена дека не треба да се дозволи употреба на додатокот бидејќи претходно веќе им било соопштено дека единствен додаток кој би можел да се стави на тој дел од мотоциклот би бил оној кој би се користел за отстранување на водата.

„Јасно ни беше кажано дека уредот кој би се наоѓал на тој дел од мотоциклот не би требало да обезбедува некаква аеродинамична корист за мотоциклот “ , вели Романо Албесиано, технички директор на Aprilia.

„Навистина бевме изненадени од одлуката да се дозволи употребата на аеродинамичните крилца на тој дел од мотоциклот.“

„По завршувањето на последниот претсезонски тест на патеката во Катар, тимовите добија нов правилник, но Албесиано тврди дека ваквите додатоци се уште немале дозвола да бидат монтирани на мотоциклите.“

„Јасно беше посочено дека уредот кој е монтиран во тој дел од мотоциклот не треба да го подобрува контактот со површината. А додатоците го прават токму тоа“ , изјави тој.

За тоа колку го подобрува контактот со површината, Албесиано изјави: „Го испробавме овој уред во тунелот за тестирање и ги собравме сите податоци кои тој ги обезбедува. Не можам да ви ги кажам точните бројки но тие воопшто не се занемарливи и можат да направат разлика на патеката.“

„А кога разликата меѓу возачите изнесува само неколку стотинки, дури и малку подобар контакт на мотоциклот со површината може да направи разлика. Се уште се надеваме дека уредот ќе биде забранет во иднина. Доколку не се донесе таква одлука, би можеле и ние да преземеме нешто.“

Aprilia txt 1 26 03

Новиот извршен директор на Aprilia, Масимо Ривола, сугерираше дека FIM верува на изјавата на Ducati дека единствена улога на додатокот е да ја намали температурата на пневматикот.

„FIM го одобри делот и соопшти: Ако велите дека со него се лади гумата тогаш е во ред. Мислам дека треба да ги промениме работите. За мене ова е неприфатливо и да бидам искрен, сметам дека и другите мислат така.“

А во однос на конечниот резултат од жалбата, Ривола уште еднаш потврди дека победата треба да остане кај Андреа Довициозо. „Никогаш не побаравме резултатот да биде променет. Мислам дека тоа е јасно, барем за Aprilia“ , изјави тој.

„Не очекувам дека наскоро нешто ќе се промени но мислам дека на сите ни треба појаснување на правилата. Мислам дека е подобро тоа да се направи на почеток на сезоната.“

„Од моето искуство во Формула 1, ако се одлучиме да работиме на полето на аеродинамиката, тоа тимовите би ги чинело многу пари. “

Но како што напомена Албесиано, дури и неколку стотинки можат да направат голема разлика за време на трката. Разликата меѓу првите двајца возачи по завршувањето на трката изнесуваше само 0.023 секунди додека пак првите пет возачи ги делеше разлика од само 0.6 секунди.

Конечната одлука на Апелацискиот суд треба да биде донесена пред одржувањето на Гран При трката во Аргентина.

Back To Top