Потребно е помирување помеѓу Мигел Оливеира и КТМ откако младот Португалец беше занемарен при изборот на нов возач на тимот. Оливеира вели дека не се чувствува достоен да биде таму.

Мигел Оливеира не можеше да го сокрие разочарувањето од одлуката на КТМ да потпише договор со Бред Биндер, кој ќе го пополни слободното место во фабричкиот тим.

Оливеира, кој има солидна дебитанска сезона во сателитскиот Tech3, беше првичниот избор за возач кој би можел да го преземе местото на Јохан Зарко во сезоната 2020. КТМ потоа го внесе во игра и тест возачот, Мика Калио, кој треба да ја заврши сезоната на местото на Зарко.

Но на крајот се случи нова промена. Биндер, кој требаше да биде тимски колега на Оливеира во Tech 3, ќе премине директно во фабричкиот MotoGP тим и следната година ќе биде тимски колега со Пол Еспаргаро.

Оливеира очигледно е незадоволен поради ваквата одлука.

Португалецот беше подготвен да остане уште една сезона во тимот доколку КТМ одлучи дека Калио е подобар избор, но вели дека не може да разбере зошто екипата смета дека Биндер е подобар од него.

Oliveira txt 24 10

„КТМ ми пријде за време на Гран При трката на Мисано, не ме прашаа за мислење туку само ми кажаа дека има слободно место во тимот и дека размислуваат Мика да биде нов возач “, изјави Оливеира.

„Им кажав дека тоа е во ред. Јас имам добра соработка со Tech3 и мислам дека не би требало да го напуштам тимот. Знаете дека оваа година требаше да настапуваме со фабрички мотоцикли но тоа не се случи. Никој не знае што ќе биде следната година. Изборот кој го направи тимот прави да се чувствувам како да не сум доволно добар за да бидам тука.“

„Но, тоа е нивна одлука и ја почитувам. Нема да промени ништо и во иднина ќе го давам максумумот. “

„Оливеира, кој минатата недела дозна за плановите на КТМ, вели дека доколку сте дел од  фабрички тим, не само што ќе настапувате со најновиот мотоцикл туку и ќе работите на неговиот развој.“

„Кога ќе ви понудат место во фабрички тим, многу работи се во игра. Првото нешто е гаранцијата дека ќе имате фабрички мотоцикл.Второ, учествувате во развојот на секој дел. Затоа сметам дека јас, кој веќе има една година искуство во серијата, сум многу поквалификуван за оваа позиција од Биндер.“

„Но тие не мислат така и затоа не се согласуваме. Но во секој случај го ценат нивното мислење. Не можам да направам ништо повеќе од тоа.“

Друга работа за која не се согласуваат двете страни е одлуката Икер Лекуона да биде негов нов тимски колега.

„Мислам дека тоа беше избрзаната одлука. Тој е брз возач во Moto2 и тоа го покажа веќе неколку пати. Но и сами знаете дека одлуката не беше на место“, вели Оливеира.

„Но можеби следната сезона повторно ќе биде брз и со мотоциклот на КТМ. Ќе видиме што ќе се случи.“

Оливеира се наоѓа на шестнаесетата позиција во генералниот пласман и е втор најдобар возач на КТМ, веднаш зад Пол Еспаргаро. Најдобар пласман оваа сезона му е осмото место.

Back To Top