Гран При комисијата донесе неколку нови регулативи на последниот состанок кои се однесуваат на Дирекцијата на трката, односот на возачите и сензорите за притисок на гумите.

Како претседател на IRTA, Херв Пончарал е исто и член на Гран При комисијата и во ексклузивно интервју за motogp.com ги објасни неодамнешните промени во правилата.

pole espargaro herve poncharal.middle

Во однос на промената на Дирекцијата на трката:

„Промената се состои во тоа што Дирекцијата на трката ќе ја следи трката и ќе одлучува за работи како што се пребрзото возење кога се излегува или влегува во гаражата или кога е потребно жолто или црвено знаме. Но за секој инцидент каде што ќе биде потребна дополнителна анализа, како што беше минатата година на трката во Асен, последниот свиок во Херез или пак трката во Сепанг, ќе одлучуваат Мајк Веб и двајца стјуарди кои ќе бидат назначени од FIM во соработка со DORNA и IRTA. Тие ќе бидат стјуарди од FIM и сметам дека тоа е добар избор бидејќи Dorna секогаш добива голем број на критики. Мислам дека на Кармело Ецпелета и на останатите им е доста од сето тоа по сите реакции минатата година. Добра работа е дека ќе има три лица кои ќе одлучуваат независно без да има конфликт на интереси. Но мислам дека 98% од жалбите кои ги имавме минатата година беа неосновани. Мислам дека со оваа одлука ќе им се намали можноста на луѓето кои само сакаат да создаваат проблеми. Ние се движиме кон една организација која ќе биде повеќе независна и повеќе автономна и мислам дека затоа сите се сложија. Одлуката беше едногласна.“

За казните за возачите кои нема да ги исполнат обврските кон медиумите:

„MotoGP привлекува голем интерес. Многу луѓе ги посетуваат Гран При трките и ни се потребни спонзорите за да опстанеме, па затоа е нормално, со оглед на инвестицијата од спонзорите но и од гледачите кои често плаќаат повеќе за да бидат поблиску до гаражите и тимовите – сите да соработуваат за да приредат најдобра забава. Секако дека во нашиот спорт возачите се главните ѕвезди и тие мораат да разберат дека имаат обврска не само кон медиумите туку и кон гледачите и спонзорите. Гран При комисијата само сакаше да го појасни ова. Мислам дека секој по малку допринесува но понекогаш е добро да го имате тоа како договор. Знаеме дека не можеме да бараме премногу од нашите возачи, но мора да се даде нешто на луѓето кои не поддржуваат. Сето ова веќе постои но ние сакавме да го имаме на хартија. Тоа се однесува на сите возачи. Очигледно, колку поголем успех имате толку повеќе покани ќе добивате и ќе сакате на многу мал дел од нив да одговорите. Сакавме сите да ги потсетиме дека мораат да работат заедно за да ги исполнат очекувањата на гледачите, фановите, медиумите, спонзорите.“

За задолжителните сензори за притисок на гумите во MotoGP:

„Уште една работа која ја одлучивме со Гран При комисијата, и мило ми е поради тоа, е дека ќе имаме задолжителни сензори за притисок на задните гуми во MotoGP. Имавме технички проблеми во овој оддел, но некогаш проблемите може да ве одведат до добри работи. Среќен сум што Лорис Баз помина неповреден по падот, но тоа ни помогна да решиме одреден проблем. Мора да можеме постојано да го мериме притисокот на  гумите, а за да го сториме тоа потребни ни се сензори за притисок. Многу е важно да се зголеми безбедноста. Оваа одлука е многу важна и многу позитивна.“ 

Back To Top