HRC тимот потпиша договор со Кејси Стонер со кој ја продолжуваат соработката со двократниот Светски шампион и во 2015 година.

honda stoner RC213V

HRC тимот потпиша договор со Кејси Стонер со кој ја продолжуваат соработката со двократниот Светски шампион и во 2015 година.

МотоГП шампионот од 2007 и 2011 година ќе започне со тестирањата за HRC тимот веќе на 29 јануари, кога ќе има прилика на патеката Сепанг два дена да ја вози новата RC213V.

Пред се би сакал да Ви посакам среќна Нова година! Навистина сме среќни што можеме да објавиме дека ја продолжуваме соработката со Кејси Стонер и ќе го задржиме во семејството на Хонда. Фидбекот кој го добиваме од него е од огромно значење за тимот, навистина е добро што имаме возач кој може да ја донесе RC213V до лимитот Шухеи Накамото
По подолга пауза од возење беше убаво кога се вратив на мотор пред неколку месеци, сега по празниците и долгиот одмор, разговаравме со Накамото Сан и се договоривме да ја продолжиме соработката. Јас веќе започнав со подготовките бидејќи за неколку недели ќе треба да возам во Сепанг, патека која е многу по различна од Мотеги на која последен пат тестирав.Кејси Стонер
Back To Top