Андреа Ианоне ќе го пропушти тестот во Сепанг. Се уште не е донесена конечната одлука откако падна на допинг тестот.

Андреа Ианоне ќе го пропушти тестот во Сепанг. Италијанскиот возач има привремена суспензија и забрана да учествува во сите активности кои се дел од MotoGP откако беше позитивен на допинг тестот кој му беше направен по завршувањето на трката во Малезија минатата година. Откако и вториот примерок се покажа како позитивен, беше закажано сослушување во Швајцарија.

Неодамна, неговите адвокати изјавија дека малото количество на недозволената материја која беше пронајдена кај Ианоне укажува на тоа дека тој случајно ја земал додека јадел во пресрет на трката. Исто така тврдат и дека нема причина да ја зема дрогата бидејќи таа ја зголемува телесната маса, нешто што е сосема непотребно кај мотоциклистите.

Според GPOne.com, адвокатите исто така доставиле и примерок од неговата коса, а според кој, не биле пронајдени стероиди.

Конечната одлука се очекува за десетина дена но во меѓувреме останува да важи забраната за Ианоне. Тоа пак значи дека тој ќе мора да го пропушти тестот во Сепанг.

 DSC3159 copy

Откако за прв пат беше соопштена забраната, неговото место во тимот го презеде тест возачот Бредли Смит, а исто така дел од екипата е и Лоренцо Савадори. А со оглед на тоа дека за само неколк у дена ќе почне и официјалниот тест, Смит ќе настапи како дел од тимот на Aprilia, а на местото тест возач ќе биде Савадори.

Конечната одлука најверојатно ќе биде објавена на 14-ти февруари додека пак Гран При трката на Катар ќе се оддржи од 22. до 24. февруари.

Последно соопштение од FIM

„Рутинскиот допинг тест спроведен по завршување на трката во Малезија, покажа дека кај господинот Андреа  Ианоне има недозволени супстанци. Поради тоа, тој е суспендиран уште од 17-ти декември. Господинот Ианоне побара да се испита и вториот примерок кој покажа исти резултати.“

„Денеска во просториите на FIM се оддржа сослушување на кое присуствуваа тројца судии. Во моментов се уште не е донесена конечната одлука. Во меѓувреме, продолжува да важи забраната за господинот Ианоне.“

Back To Top