Rizoma ги проектира и дизајнира специфичните делови кои LCR ги користи на нивниот мотоцикл.

Rizoma и LCR Honda очигледно припаѓаат на два различни света. Првиот производител е специјалист за производи кои се користат доколку сакате да го промените изгледот на вашиот мотоцикл или скутер, а вториот е сателитскиот тим на Honda кој воопшто не се грижи за неговиот изглед туку важни му се перформансите.

Но сепак, овие две компании создадоа силно партнерство. Rizoma ги проектира и дизајнира специфичните делови кои LCR ги користи на нивниот мотоцикл.

Видеото подолу, на кое Кал Кратчлоу вози LCR Honda RC213V, го рекламира нивното партнерство. Тука може да се видат деловите кои се користат за време на трка, како што се штитници за сопирачките, полуга за менување на брзини и држачи за нозете.

rizoma gp

И покрај тоа што личат како и сите други производи кои можете да ги купите во било која мото продавница, оние кои се користат во премиерната класа се внимателно изработени за да обезбедат најдобри перформанси при најтешки услови.

Со додатоците од Rizoma, слободно можете да заборавите на механички проблеми. Замислете да се скрши држач за нозе за време на трка или при мал судир. После тоа возачот не би можел да вози како што треба. Ова сигурно не го посакува ниту еден MotoGP тим.  

Сетете се само колку пати до сега сте виделе некој возач кој паднал, како повторно се обидува да го стартува мотоциклот. Неговите држачи и сопирачките воопшто не се оштетени. Тоа значи дека додатоците можат да претрпат голема штета но тие и понатаму ќе продолжат да функционираат. 

Кал Крачлоу минатата сезона во MotoGP шампионатот заврши на осмото место. Заостануваше 37 поени зад фабричкиот возач на Ducati, Андреа Довициозо, а имаше 11 поени предност пред возачот на Yamaha Tech 3, Пол Еспаргаро.

На трите претсезонски тестови, Крачлоу имаше добар настап. На патеката во Сепанг заврши на шестото место, трети беше на Филип Ајленд, а седми во Лосаил. Но колку навистина се подобрил ќе видиме на првата трка од MotoGP шампионатот која ќе се оддржи викендов во Катар. 

Back To Top