KTM RC16 ќе се најде на патеката за време на Австриската Гран При трка.

Новата MotoGP машина на КТМ ќе извози неколку кругови за време на Гран При трката која ќе се оддржи во Австрија.

После пресконференцијата која ќе се оддржи во сабота, пошироката публика за прв пат ќе има можност да го види во акција RC16, а тест возачите Мика Калио и Алекс Хофман ќе извозат неколку кругови на патеката.

ktm austria

Калио ќе го има своето официјално деби со мотоциклот за време на последната трка од календарот која ќе се оддржи во Валенсија, а потоа ќе им го предаде мотоциклот на официјалните возачи за следната сезона, Бредли Смит и Пол Еспаргаро.

Смит и Еспаргаро нема да присуствуваат на прес конференцијата која ќе се оддржи пред трката во Австрија бидејќи тие се уште се под договор со своите актуелни тимови. На неа ќе присуствуваат директорот на KTM Motosports, Пит Беирер, извршниот директор на DORNA Кармело Ецпелета како и Мајк Лајтнер, потпретседателот на КТМ и Себастијан Рисе, технички директор на КТМ.

За време на неодамнешниот приватен тест кој се оддржа на патеката Red Bull Ring, КТМ имаше заостанување од 2 секунди зад најбрзиот круг.

Back To Top