„Не знам што ќе се случи во иднина но знам само дека сакам да уживам во последните 15 трки кои ќе ги возам за Yamaha.“

MotoGP светскиот шампион Хорхе Лоренцо во своето образложение зошто реши да премине во тимот на Ducati, изјави дека му е потребен нов предизвик во кариерата.

Трикратниот светски шампион потпиша дво годишен договор со Италијанскиот тим и ќе настапува за нив во сезоните 2017 и 2018. И покрај тоа, тој останува посветен на тимот и ќе се обиде да освои нова титула.

lorenzo germanija 1

„Како што сите знаете, следната сезона нема да бидам во Yamaha. Почувствував дека ми треба промена, нов предизвик во кариерата,“ изјави Лоренцо.

„Благодарен сум и на Yamaha бидејќи освоив многу повеќе отколку што се надевав. Не знам што ќе се случи во иднина но знам само дека сакам да уживам во последните 15 трки кои ќе ги возам за Yamaha.“

Минатата сезона со победата на трката во Херез тој ја почна серијата од четири победи по ред која му помогна во борбата за освојување на титулата. Шпанскиот возач има одличен рекорд на оваа патека. Два пати победи во категоријата од 250cc, а оствари и три победи во MotoGP класата.

Back To Top