И покрај тоа што беше побрз за речиси четвртина секунда, Хорхе Лоренцо смета дека може да биде уште побрз во Катар.

Откако Хорхе Лоренцо постигна најбрзо време на тестот во Катар, во ист стил продолжи да вози и на тренингот пред трката за ГН на Катар.  Во четвртокот, MotoGP возачите имаа само една сесија.  Ноќниот настап не понуди само уникатен визуелен спектакл туку и уникатен распоред. На оваа сесија Лоренцо постигна време од  1’55.440 и се најде на врвот на табелата. Тој беше за 0.267 секунди побрз од Валентино Роси. Фабричкиот тим на Yamaha засега покажува дека е навистина силен.

99 jorge lorenzol75 2808 0.big

Лоренцо притисна уште од почеток. За време на сесијата тој имаше четири круга кои беа во рамките на 1 минута и 55 секунди. Хектор Барбера од Avinta Ducati беше единствениот друг возач кој успеа да му се приближи. Доколку продолжи да вози со исто темпо, тогаш Лоренцо сигурно ќе биде фаворит за победа на првата трка. На 18ти Март, возачите ќе имаат две тренинг сесии.

„Имав добар старт.  Успеав да извозам најбрз круг но се уште има простор за напредок. Ќе продолжиме да работиме на сетинзите и електрониката. Патеката исто така ќе биде подобра денеска и ќе можеме да постигнеме подобро време.“Хорхе Лоренцо

Распоред за денеска:

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Петок (18.03.2016)
16:00 Тренинг 2 Moto GP во живо
17:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
17:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
18:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
Back To Top