Марко Меландри, возачот на Априлија Гресини Рејсинг тимот оваа сезона има најдобар пласман на 19-та позиција, во услови во кои примарна цел е развојот на новиот RS-GP.

2 mm preview lemans hires.big

Марко Меландри, возачот на Априлија Гресини Рејсинг тимот оваа сезона има најдобар пласман на 19-та позиција, во услови во кои примарна цел е развојот на новиот RS-GP.

За познатиот возач целта на патеката Ле Ман во недела ќе биде да дојде до првите бодови во сезоната.

„Ле Ман е многу специфична патека, но отсекогаш ми се допаѓала. Всушност секојпат кога сум се тркал тука сум завршувал добро. Ќе биде добро во оваа рунда да се обидам да дојдам до поени, мислам дека тоа е цел која е реалистична и која може да се оствари. Во меѓувреме ги очекуваме техничките подобрувања на моторот кои ќе ми овозможат да одам нагоре. Според она што можев да го видам не очекува убаво време викендов во Франција, па со тимот ќе работиме напорно да се потрудиме да се искачиме што е можно погоре на листата и ќе ја искористиме секоја прилика која ќе ја добиеме.“ - изјави Меландри.

Back To Top