Почнувајќи од сезоната 2021, Suzuki ќе го добие познатиот бренд Monster Energy

Monster Energy ќе има „значајно присуство“ на Suzuki GSX-RR, мотоциклот на новиот светски шампион Јоан Мир и неговиот тимски колега Алекс Ринс.

Помеѓу двете страни е постигнат неколку годишен договор а познатата компанија за енергетски пијалоци која е веќе главен спонзор на Factory Yamaha, исто така ќе стане и официјален спонзор на Suzuki Ecstar.

„Преговорите почнаа уште пред стартот на годината и многу сме среќни што ќе го имаме овој бренд на нашите мотоцикли во следните години“, изјави тимскиот менаџер Давиде Бривио.

„Тие се веќе партнер на нашите двајца возачи и затоа со нетрпение чекаме да почнеме поблиска соработка со нив. Мислам дека и двата бредна ќе имаат корист од ова партнерство.“

 DSC3519 copy copy

Родни Сакс, извршен директор на Monster Energy вели: „Откако последните две години ги поминавме поддржувајќи ги Алекс и Јоан на патот кон нивниот успех, доаѓа некако природно да станеме и официјален партнер на тимот.“

„2020-та беше неверојатна година за сите кои се дел од екипата а ние се надеваме дека ќе продолжиме да имаме неверојатна авантура со Suzuki и нивните возачи.“

Оваа година Јоан Мир го освои првото место. Ова за Suzuki беше прва титула по сезоната 2000. На второто место со заостанување од 13 поени се најде Франко Морбидели (Petronas Yamaha)  а трет беше Алекс Ринс.

Monster и претходно беше спонзор на два тима, Tech 3 Yamaha и фабричката екипа на Yamaha.

Back To Top