„Во изминативе две сезони работевме навистина напорно и создадовме одличен мотоцикл. Неприфатливо е на ваков начин да губиме поени“- Андреа Довициозо

Андреа Довициозо изјави дека е неприфатлив начинот на кој загуби 20 поени откако беше соборен од својот тимски колега Андреа Јанон на последниот круг од трката во Аргентина.

Јанон се обиде да го претекне Довициозо на последниот свиок но загуби контрола над мотоциклот. Ducati на тој начин ги загуби двете места на подиумот, а Валентино Роси и Дани Педроса завршија зад победникот Марк Маркез.

PA1885458.0008

Разочараниот Довициозо изјави: „Навистина сум разочаран бидејќи да загубиш во последниот свиок е навистина катастрофа. Да загубиш дваесет поени и да бидеш на второто место во шампионатот со заостанување од само еден поен е многу тажно.“

„Имав за цел да постигнам најдобар резултат на трката и мислам дека така треба секој да постапува доколку сака да постигне добри резултати.“

„Работевме навистина напорно во изминативе две сезони и создадовме одличен мотоцикл. Неприфатливо е на ваков начин да загубиме поени“, додаде Довициозо.

„Не знаев кој беше до мене, дали Јанон или Валентино. Но кога паднав знаев дека е Ианоне.“

И покрај незгодата, Довициозо сепак смета дека има и позитивни работи од трката и е подготвен повторно да оди на победа на следната трка која ќе се оддржи во Остин.

„Викендов беше навистина тежок но успеавме да се справиме со ситуацијата. Бевме компетитивни на квалификациите и на тренингот и бев на второто место.  Успеав да го претекнам Роси и во борбата за титулата ова е навистина важно. Ова се позитивни работи.“

„Остин е интересна патека и ќе треба повторно да ја потврдиме брзината, но сега во различна ситуација.“

Back To Top