Дукати ги негираше шпекулациите дека во 2014 ќе го заменат статусот на фабрички тим, но сепак потврди дека ќе имаат свој претставник и во отворената класа.

motogp-test-valencia-2013-05

Дукати ги негираше шпекулациите дека во 2014 ќе го заменат статусот на фабрички тим, но сепак потврди дека ќе имаат свој претставник и во отворената класа.

Изминатите денови според извештаите на италијанските медиуми тимот од Болоња оваа сезона во МотоГП требаше да го замени статусот на фабрички тим и да се натпреварува во новата „отворена“ класа која од оваа сезона е замена за „CRT“.

Тимот ги отфрли шпекулациите дека Дукати повеќе нема да има статус на фабрички тим, но истовремено и потврди дека Џони Хернандез ќе вози Pramac GP13 во отворената класа.

За Дукати е важно да го истражи потенцијалот на Отворената класа, највеќе затоа што во иднина таа класа ќе биде диригент на техничките ограничувања во шампионатот. Затоа се одлучивме оваа сезона во Отворената класа да настапиме со еден мотор кој ќе биде управуван од Џони Хернандез, а ќе вози за Прамак Рејсинг тимот.изјави потпаролот на Дукати, Хулиан Томас

Според неговите зборови останатите возачи како што беше и првично планирано ќе настапат во МотоГП шампионатот со новиот GP14. Впрочем во тоа ќе можеме да се увериме за неполн месец, на патеката Сепанг во Малезија од 4-6 февруари ќе се одржат првите тестирања во новата сезона.

Back To Top