Очигледно Honda успеа во намерата да ги истакне недоследностите во MotoGP правилникот со тоа што на техничката контрола и достави сопствена верзија на додатокот кој го користеше Ducati.

Очигледно Honda успеа во намерата да ги истакне недоследностите во MotoGP правилникот со тоа што на техничката контрола и достави сопствена верзија на додатокот кој го користеше Ducati. Делот првично беше одбиен со образложение дека ја подобрува аеродинамиката.

Според наши извори, Honda повторно го доставила делот а овој пат на комисијата и кажала дека неговата цел е да ја подобри цврстината на вилушката, нешто што е дозволено во согласност со правилникот.

Целиот случај започна на Гран При трката во Катар кога Андреа Довициозо победи на трката користејќи го новиот додаток. Четири тима потоа поднесоа жалба а FIM соопшти дека додатокот е легален. Но се чини дека одлуката е донесена поради проблем во правилникот кој овозможува деловите да бидат легални се додека нивната основна цел е да ја ладат гумата а не да ја подобруваат аеродинамиката.

Honda Loophole Txt 05 04

Но откако Ducati призна дека има мало подобрување на контактот на мотоциклот со површината, се верува дека Honda и Aprilia веќе се обиделе да направат своја верзија на делот. Откако на првите луѓе на MotoGP првично им признаа дека неговата главна цел е подобрување на аеродинамиката, нивното барање да го употребат на трката во Аргентина беше веднаш одбиено. Но сега тие повторно го поднесоа.

Оваа конфузија го потенцира проблемот за кој сите шест фабрички тимови тврдат дека потои – неконзистентност на правилникот како и можноста техничкиот директор Дени Олдриџ самостојно да дава насоки во однос на правилата.

Зборувајќи во пресрет на Гран При трката на Аргентина, првиот човек на Ducati, Џиџи Дал’Игна изјави дека и покрај тоа што победиле во случајот, сепак сака да види промени во системот.

„Веруваме дека сега треба да се затвори ова поглавје и во иднина да работиме повеќе заедно со останатите тимови. Исто така, треба да ги промениме правилата кои се лошо поставени или пак кои може да се подобрат. Тоа е нешто кое што отсекогаш сме сакале да го направиме.“

„Секако дека можеме повеќе и секогаш сме тука за да разговараме со останатите производители, FIM и Dorna за тоа како да го подобриме системот.“

Back To Top