„Првите шест трки во новата сезона ќе бидат најважни за да се одлучам дали да продолжам со трки или да се повлечам од МотоГП“ - Валентино Роси.

Valentino-Rossi-HD-Images-Pictures

„Првите шест трки во новата сезона ќе бидат најважни за да се одлучам дали да продолжам со трки или да се повлечам од МотоГП“ - Валентино Роси.

За најдобриот мотоциклист во светот ќе бидат пресудни првите шест трки од новата МотоГП сезона. Тој си остави простор од шест трки кои според него се доволен репер кој ќе му покаже дали ќе ја продолжи кариерата или ќе се повлече од мото трките.

Легендарниот седумкратен шампион во кралската класа (вкупно 9 титули) ја забележа 80-та победа во кариерата по враќањето во тимот на Јамаха, но на трките и во генералниот пласман заостануваше зад Маркез, Лоренцо и Педроса.

Во изјава дадена во прилогот „Нова ера - Година на МотоГП“ емитувана вчера на италијанската програма „Италија 1“ Роси вели:

Доколку сакам да продолжам да се тркам ќе треба да направам подобрување, да бидам во првите тројца. Тестирањата како и првите шест трки од сезоната ќе бидат одлучувачки за мене, потоа ќе знам дали на крајот од сезоната ќе се повлечам, или ќе продолжам со трки во МотоГП. Јас би сакал да продолжам уште неколку сезони, но само доколку сум конкурентен.Валентино Роси

Да потсетиме дека во обид да фати чекор со водечките, 34 годишниот Роси го отпушти својот шеф на тимот Џереми Бурџес со кој ја помина скоро целата кариера, и го назначи Силвано Галбусера за нов шеф.

Шестата трка во календарот за следната година е домашната трка на Роси, Муџело во Италија, па ќе биде тоа трка за паметење, или по повлекувањето на Роси од МотоГП, или по новата ера во неговата кариера.

Извор: Sportmediaset.it

Back To Top