„Хонда го испроба новиот мотоцикл кој има неколку крилца за време на тестот во Херез кој се оддржа во понеделникот“

Иднината на MotoGP крилцата можеби е доведена во прашање, но тоа не ги спречи возачите на Honda и Suzuki, Марк Маркез и Алеш Еспаргаро да се појават со мотоцикли на кои имаше по неколку крилца.

Гран При комисијата се уште не донела одлука по предлогот на MSMA (Асоцијацијата на производители) во однос на аеродинамичните додатоци, кои имаат за цел да го подобрат возењето, но постои загриженост за безбедноста на возачите како и трошоците.

Honda можеби доцни во овој поглед, нив ги има кај Ducati и Yamaha, но тие веќе имаат направено неколку дизајни.

Првите верзии беа слични како оние кај Ducati и Yamaha, но на патеката во Херез, HRC претстави нов дизајн. На тестот, Honda се појави со мотоцикл кој има по три додатоци распоредени и од двете страни на мотоциклот.

honda 6 krilca

Марк Маркез, кој на трката во Шпанија заврши на третото место зад победникот Валентино Роси и Хорхе Лоренцо кој го освои второто место, го имаше најдобриот резултат на тестот. Тој постигна време од 1м 39.313с, а беа извозени 91 круг на патеката во Шпанија.

„Денеска пробавме многу работи. Извозевме многу кругови. Убаво се чувствувам. Испробавме различни крилца и се чини дека тоа функционира на поинаков начин. Имаат потенцијал. Сега кога се појавија, нема повеќе враќање назад. Исто така се обидовме да ја подобриме и аеродинамиката. Денеска тестиравме и три предни пневматици, но и оној што го користевме во текот на викендот беше добар.“

Маркез ќе замине на следната трка која ќе се оддржи во Ле Ман со предност од 17 поени во однос на возачот на Yamaha, Хорхе Лоренцо.

Back To Top