Двократниот МотоГП Светски Шампион, Кејси Стонер, успешно го заврши тестирањето на новата Хонда на патеката Сепанг во Малезија. 

stoner sepang 2015

Двократниот МотоГП Светски Шампион, Кејси Стонер, успешно го заврши тестирањето на новата Хонда на патеката Сепанг во Малезија.

Тестирањето кое траеше три дена започна во четвртокот на патеката со должина од 5.548 метри. Патеката Сепанг е лоцирана на 75км јужно од Куала Лумпур, па временските услови не беа наклонети кон тестирањето. Дождот на неколку пати ги прекинуваше тренинг сесиите, но и покрај се, Стонер успеа да ги изврши тестовите кои му беа зададени од „HRC“.

Неговата цел пред се беше да направи споредба на шасиите на RC213V за 2014 и 2015 година, на Сепанг беа тестирани и нови кочници од Брембо, а куриозитет беше и неговото возење на Honda CBR1000RR со која Хонда се натпреварува на трката 8 часа Сузука.

Генерално гледано ова беше одличен тест, и покрај лошото време завршивме многу работи. Започнавме со основни работи и подесувања, па потоа вториот ден го поминавме во споредба на шасиите, како и нивни различни варијации. Брембо ни донесе нови кочници кои ги пробавме, а имавме и неколку други делови кои беа на тест. Последниот ден од тестирањето го употребивме за различни електроники како и различни подесувања на амортизацијата. Возењето на „CBR“-от беше многу различно искуство за мене. Никогаш не сум возел таков мотор, позицијата за седење, менувачот, моќта на моторот, тежината... сето тоа беше ново и ми требаше време да се навикнам. По неколку излегувања од патеката во боксот веќе можев да дадам фидбек за возењето. Генерално земено, ова беше одличен викенд во кој се забавував и уживав во тестирањето со Хонда. - изјави Стонер
Back To Top