Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Најдобриот возач на претсезонските тестови, Маверик Вињалес, вели дека е подготвен за првата трка од новиот шампионат. На секој од тестовите кои се оддржаа за време на зимската пауза Шпанецот постигнуваше најдобро време и ги оставаше зад себе неговите ривали.

vinales oress

Вињалес, кој се чини дека има беспрекорна транзиција од тимот на Suzuki во Yamaha, вели дека со нетрпение ја чека трката која ќе се оддржи во пустина.

„Во моментов ги имаме само претсезонските тестови но сепак чувството е неверојатно. Најдовме добар сетап на сите тестови  и на сите патеки и во моментов се чувствуваме навистина компетитивно,“ изјави Вињалес.

„Ќе се обидеме да продолжиме во ист стил. Но во секој случај, задоволен сум од она што го постигнавме досега. Тимот врши одлична работа. Голема благодарност до нив бидејќи вршат извонредна работа и во текот на зимата значително го подобривме мотоциклот. Ќе се обидеме да бидеме компетитивни исто колку што бевме и на тестовите.“

Во однос на прилагодувањето на мотоциклот на Yamaha, Вињалес вели дека не морал премногу да го менува својот стил на возење, иако смета дека преминувањето во нов тим носи и нови предизвици.

„Да кажеме дека стилот на возење не се менува премногу, но во секој случај е тешко бидејќи преминувате во нов тим.  Но во моментов чувствувам голема самодоверба.“

Вињалес, кој како дете често се натпреварувал со актуелниот шампион Марк Маркез, вели дека му се восхитува поради неверојатниот импакт кој го има врз MotoGP.

„Едноставно не ми се веруваше, тој се појави и почна да победува.  Неговата прва сезона во MotoGP беше неверојатна. Беше многу брз и не чувствуваше никаков притисок. Знам дека Марк имаше одлично темпо во Катар. Јас само ќе се обидам да бидам брз и да бидам на исто ниво со него. “

Back To Top