90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.

Со оглед на тоа што не се знае како ќе се одвиваат работите со другите трки, во соопштението од патеката стои дека трката е „одложена до есента или до следната година“. Надлежните од патеката со жалење ја соопштија веста, но истовремено и упатија разбирање до владата и грижата за јавното здравје ја ставија на првото место.

IMGP9323

Традиционалната трка која се возеше на последниот викенд во Јуни требаше да биде втора рунда во МотоГП шампионатот, една недела по трката во Захсенринг, но по се изгледа нема да ја видиме ни таа трка. Германија и официјално ги забрани сите настани со голема публика до крајот на Август. За сега останува само трката во Јули на новата патека КимиРинг во Финска, но патеката сѐ уште нема добиено хомологација.

Официјален МотоГП календар за 2020

Рунда

Датум

Трка

Патека

-

8 март

Катар (MotoGP откажана)

Losail

 

3 мај

Шпанија

(одложена)

Jerez

 

17 мај

Франција (одложена)

Le Mans

 

31 мај

Италија (одложена)

Mugello

 

7 јуни

Каталуња (одложена)

Barcelona

1

21 јуни

Германија

Sachsenring

 

28 јуни

Холандија (одложена)

Assen

2

12 јули

Финска

KymiRing (се чека хомологација)

3

9 август

Чешка

Brno

4

16 август

Австрија

Red Bull Ring

5

30 август

Велика Британија

Silverstone

6

13 септември

Сан Марино

Misano

7

27 септември

Арагон

Aragon (преместена)

8

4 октомври

Тајланд

Buriram (преместена)

9

18 октомври

Јапонија

Motegi

10

25 октомври

Австралија

Phillip Island

11

1 ноември

Малезија

Sepang

12

15 ноември

Америка

COTA (преместена)

13

22 ноември

Аргентина

Termas de Rio Hondo (преместена)

14

29 ноември

Валенсија

Ricardo Tormo (преместена)

Back To Top