Возачот на Јамаха МотоГП тимот и актуелен Светски шампион, Хорхе Лоренцо, забележа победа на првата трка од сезоната која денеска се возеше на патеката Лосаил во Катар.

МотоГП шампионатот започна со првата трка која денеска се возеше на патеката Лосаил во Катар. На трката како нај успешен излезе Хорхе Лоренцо кој ја забележа првата победа во сезоната.

Возбудливиот старт на трката ни донесе изненадување во однос на распоредот по вчерашните квалификации па така веднаш по стартот на чело на колоната избија двата мотори на Дукати на Јанон и Довициозо, следени од Хорхе Лоренцо, Валентино Роси и Марк Маркез.

CeAzhz8UYAAjJVn

Иако се навестуваше голема битка до самиот крај на трката, пред се заради различниот избор на гуми, се чини дека се беше готово по само неколку кругови. Возачите на Дукати кои беа на добар пат да забележат 1-2 победа беа попречени од падот на Јанон кој едноставно го изгуби предниот дел од моторот и ја заврши трката без пласман.

CeAssFuWIAEH3qp

За само неколку кругови Лоренцо успеа да ја превземе водечката позиција од Довициозо и ја задржа до самиот крај, а она што се случуваше зад него стана возбудливо на само 4 круга до крајот. Тогаш Маркез успеа да ја превземе втората позиција од Довициозо, а Валентино Роси сеуште беше со мало задоцнување на четвртата позиција.

Последните два круга од трката ја одбележа големата борба помеѓу Маркез, Довициозо и Роси кои возеа еден зад друг.

CeAxv8iWoAAOK3e

Во последниот круг Довициозо успеа да го помине Маркез за втората позиција, моторот на Дукати едноставно беше премногу брз на стартно-целната рамнина па Маркез немаше друга опција освен да го проследи Довициозо. До крајот следевме навистина возбудлива борба па иако ги променија местата на неколку свиоцо до крајот на трката, сепак втората позивија му припадна на Довициозо, Маркез на третата, а Роси заврши на четвртата позиција.

Резултати од денешната трка:

Поз#ВозачРазлика
1
99
J. LORENZO
42:28.452
2
4
A. DOVIZIOSO
+2.019
3
93
M. MARQUEZ
+2.287
4
46
V. ROSSI
+2.387
5
26
D. PEDROSA
+14.083
6
25
M. VIÑALES
+15.423
7
44
P. ESPARGARO
+18.629
8
38
B. SMITH
+18.652
9
8
H. BARBERA
+21.160
10
45
S. REDDING
+24.435
11
41
A. ESPARGARO
+35.847
12
50
E. LAVERTY
+41.756
13
19
A. BAUTISTA
+41.932
14
43
J. MILLER
+41.982
15
53
T. RABAT
+54.953
RT
6
S. BRADL
21:42.599
RT
76
L. BAZ
15:44.516
RT
35
C. CRUTCHLOW
11:44.221
RT
29
A. IANNONE
9:44.391
RT
68
Y. HERNANDEZ
2:03.498
Back To Top